Од активностите на екопроектот

ООУ„Св.Кирил и Методиј“ продолжи со реализација на активностите од планот на еко проектот „Чиста и здрава средина - светол пат кон иднината“.
Учениците изработија
еко кодекс во форма на еко песна и еко пораки, го истакнаа на видно место во ходникот каде секојдневно ќе го читаат и по кој ќе се раководат и однесуваат во училиштето и надвор од него.
При крајот на ноември координаторот на проектот заедно со стручно лице за рециклирање (наставник од друго училиште) одржаа работилници со наставниците на ниво на стручни активи, за начинот и постапките на рециклирање на старата хартија.
По спроведената обука секој наставник на ниво на секција организираше работилница со учениците каде ја рециклираа хартијата и изработуваа најразлични креации по повод Новогодишните празници. На 28 декември беше организирана продажна Новогодишна изложба каде меѓу другите производи беа изложени и креации(дедомразовци, елки, вазни) од рециклирана хартија.

Наставничката Пасламушкова Невенка заедно со учениците одговорни за односи со јавност го афирмираа училиштето со своите еко-активности и пошироко во нашиот град така што преку директен пренос гостуваа во телевизијата ЗДРАВКИН каде преку разговор ги презентираа сите тековни еколошки активности кои се реализираа од почетокот на учебната година. Со оглед на тоа да нашето училиште го идентификува отпадот како приоритет од анализата на состојбата на кој ќе работи и делува, членовите на екоодборот одлучија дел од паричните средства кои се собраа од продажбата на пластични шишиња да се искористи за набавка на корпи за отпадоци. Корпите се набавија и поставија на соодветни места во холовите на училиштето.