Од активностите на еко пректот

На овие линкови можете да ги проследите еко активносте кои се реализираа во текот на оваа година.

http://www.schooltube.com/video/68544f693e7de39fc51c/Aktivnosti-od-ekoproekt

http://www.schooltube.com/video/d295ac6d61bc6eea3be3/Veligdenska-izlozba

http://www.schooltube.com/video/edd5390319c95ae305a9/Eko-teatarska-prestava

http://www.schooltube.com/video/0ba83909b83f495e29cb/Eko-himna-na-OOUSvKiril-i-MetodijVeles

Гостување во МТВ во емисијата „Ѕвон“

На 19.04.2011 год. нашето училиште беше гостин во МТВ во емисијата,,Ѕвон,, каде учениците се преставија со дел од овие содржини, додека преставниците од еко одборот ги презентираа еко активностите кои се реализираат во нашето училиште. Сметаме дека на овој начин успеавме да ги промовираме нашите активности и пошироката јавност да ја запознаеме на кој начин и како може да се стане еко училиште.







Теататрска претстава и промоција на еко химна

На ден 15.04.2011год. според планот за активности во ООУ,,Св.Кирил и Методиј,, се реализираше еко-театарска престава со музички колаж. На преставата беа поканети преставници од локалната заедница, бирото за развој, членови на еко одбор, родители, наставници и др.
На почетокот Директорката Стефанка Ценева ги поздрави присутните и им соопшти дека оваа престава е во склоп на активностите на еко проектот –,,Како да се стане еко училиште,, и дека за прв пат хорот промотивно ќе ја испее еко химната на училиштето.





Текстот на еко химната со наслов,,Екотема,,го напиша ученичката од VII б одд Андреа Арсова а музиката е на Анѓа Брашнарска- наставник по музичко образование. Химната ја испеа хорот на училиштето во придружба на клавир.




Потоа учениците од драмската секција ја искажаа својата креативност.Старата хартија, пластиката и корпата прозбореа и ги искажаа своите маки за кои веруваме дека слушнаа посетителите и во нив се побуди размислување за опасноста од загадувањето и грижата за состојбата со отпадот во околината.



Учениците претворени во пеперутки, штурче, пчели и друго испратија пораки за здрава и чиста средина во која сакаат да живеат.



Преставата беше придружена со песни и игри од најмалите ученици кои облечени во цветови и буба мари со своите ритмички игри ја направија атмосферата навистина да биде прекрасна.



Преставата имаше јасна цел, од учениците научивме многу за екологијата, за отпадот, селектирањето и рециклирањето на хартијата,тие со своите изработки ни укажаа дека старата хартија можеме да ја селектираме и повторно да ја употребиме за најразлични продукти како што се овие и истите можеме да ги подариме .
Театарската престава беше прикажана посебно за учениците од двете смени и другите училишта како и за пошироката јавност.

ЧЕТВРТИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЕКОЛОШКАТА ЕДУКАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ - Активности на еко-проект на ООУ,,Св,Кирил и Методиј,,

По повод одбележување на 21 март ,,Ден на екологијата,, ООУ,,Св.Кирил и Методиј,,подготви планирање со низа активности кои се реализираа во училиштето и беа во согласност со активностите од еко-проектот.
Сите ученици и пошироко беа известени преку разглас и изготвен плакат кој беше истакнат на влезот и во холот на училиштето. На преднта страна беше поставено пано со насловот на проектот,,Чиста и здрава средина-светол пат кониднината,,





Учениците за овој ден се потрудија да донесат пластични шишиња и стара хартија во знакот на најавената,,Голема собирна акција,,и уште еднаш потврдија дека навистина свеста за заштитата на нивната околина е подигната и тие се грижат за идните генерации.



Еколошката секција подготви предавање на тема,,Екологија,,и истото беше прочитано преку разглас. Учениците од еколошката секција пристапија кон чистење на училишниот двор.






Тие редовно ги наводнуваат растенијата, ги негуваат и ја одржуваат нивната околина чиста, без отпадоци. Почитувајки ги пораките од екокодексот тие свесно преземаат акции за чиста животна средина





За овој ден учениците изработија уште екопораки кои ги поставија на еко-дрвото и ги искажаа своите размислувања за тоа како треба да изгледа нивното училиште и околината во која живеат,и како да делуваме на несовесните граѓани кои ја загадуваат животната средина.



Наставниците организираа работилници на кои изработија трудови од употребена стара хартија, пластика и рециклираната хартија преку кои ја истакнуваат повторната употреба на отпадот и значењето во природата. Тие направија големи збирки од најразлични креации кои ќе бидат изложени на продажната изложба која се планира за Велигденските празници







Младите еколози учествуваа на пошумување во блиската околина,,Костурница,, и изработија транспаренти за денот на акцијата. Тие покажаа дека навистина се вредни и сакаат да ја разеленат својата околина и да придонесат во акцијата ,,За почист Велес,, Оваа група на ученици веќе станаа и членови на еколошкото друштво,,Вила Зора,,



И во одделенска настава најмалите стекнуваа навики како да ја собираат и повторно да ја употребат старата хартија.Доказ се изработките од рециклирана хартија.