НОВОГОДИШНА И БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА

ПОМИНА УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ГОДИНА ЗА ООУ„СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“. ГОДИНА ИСПОЛНЕТА СО МНОГУ УСПЕСИ НАГРАДИ НА МНОГУ НАТПРЕВАРИ, НАСТАПИ, МНОГУ СПОРТСКИ ПОБЕДИ И ВОЕДНО СМЕ ГОРДИ НА ПОСТИГНАТОТО. ВО ОВИЕ ПОСЛЕДНИ МИГОВИ НИ ПРЕОСТАНУВА САМО ДА СЕ ПОТСЕТУВАМЕ НА СТОРЕНОТО, А ИМА МНОГУ НА ШТО ДА СЕ ПОТСЕТУВАМЕ. НА САМИОТ КРАЈ НА ОВАА ГОДИНА ЕДИНСТВЕНО ТРЕБА САМО ДА СИ ПОСАКАМЕ НАЈИСКРЕНИ ЖЕЛБИ ЗА МНОГУ ЗДРАВЈЕ, И УШТЕ МНОГУ УСПЕСИ ВО НОВАТА 2012 ГОДИНА.
ООУ„СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВИ ГИ ЧЕСТИТА НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ СО ЖЕЛБИ ЗА МНОГУ ЗДРАВЈЕ, ЉУБОВ, СРЕЌА И МНОГУ УСПЕСИ ВО НОВАТА 2012 ГОДИНА.

НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА НА ПЛОШТАД

На 29 декември 2011 на бината поставена на плоштадот пред судот, ООУ„Св. Кирил и Методиј“ ја збогати новогодишната програма организирана од страна на Општина Велес со настап исполнет со многу музички точки и театарска претстава. Нашите ученици не претставија во најдобро светло со тоа што привлекуваа се повеќе внимание на случајните минувачи. Сето ова се должи на подршката од присутните ученици и родители, а посебно присуството на наставниците од нашето училиште кои секогаш се тука за да ги поддржат учениците. Со овој настан завршуваат новогодишните настани кои се случуваа во нашето училиште, а ги имаше многу.







НОВОГОДИШНА ПРЕТСТАВА

Во склоп на новогодишните активности на ООУ„Св. Кирил и Методиј“ на 29 декември драмската секција и ученици од одделенска настава приредија новогодишна програма. Програмата беше исполнета со изведба на театарска претстава од страна на драмската секција и музички изведби од страна на ученици од одделенска настава.
Ова новогодишна претстава ќе може да ја проследи и пошироката јавност на бината поставена на плоштадот.





НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ

Традиционално како и секоја година на 28 декември 2011 се одржа и Новогодишниот концерт во кој настапија хорот и оркестарот на училиштето под диригентската палка на Анѓа Брашнарска, наставничката по музичко на нашето училиште. Со изведбата на познати музички дела публиката едноставно уживаше во звуците на блок - флејтите и гласот на хористите. Исто така овој концерт беше многу важен за училиштето затоа што беше промовирана нова песна со име „Божиќна песна“.
Новогодишниот концерт традиционално се одржува секоја година и од година во година достигнува се поголема популарност во околината и во градот.





НОВОГОДИШНА ПРОДАЖНА ИЗЛОЖБА

На 28 декември 2011 година се одржа новогодишна продажна изложба во која учество земаа сите одделенски заедници од I до V одд. Родителите ја посетија оваа изложба со тоа што купија некаков украс или честитка од штандовите на одделенијата. Собраните пари ќе бидат искористени за материјални потреби на училиштето.





ПРОЕКТ „ОРАНЖЕРИЈА“ - МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ

Во склоп на активностите од еко проектот за заштеда на електрична енергија секцијата по техничко образование започна проект од областа на автоматиката за заштеда на електрична енергија. Секцијата одлучи да направи проект односно работна задача која што има голема примена во земјоделството и воедно еден од честите проблеми на земјоделците. Имено тие изработија модел на оранжерија за одгледување на рано градинарски култури во кои што со помош на топлотни ламби се загрева оранжеријата. Оваа секција со користење на автоматика и опремата која што има беше дадена од организацијата УСАИД ја дизајнираа така што ќе се спречи трошење на енргија без потреба. Со овој проект ние сакаме да покажеме еден едноставен начин на кој што може да се заштеди електричната енергија, а со тоа да се реши проблемот на многу земјоделци.





БОЖИЌНА ПРОГРАМА

По повод верскиот празник Божиќ според католичкиот календар на 23 декември 2011 година, англиската секција во нашето училиште подготви програма на англиски јазик во кој настапија ученици од сите возрасти од нашето училиште. Со оваа програма во која имаше изведба на театарска претстава и читање текстови на англиски јазик за значењето на верскиот празник Божиќ им помогна на учениците да дознаат нешто повеќе како католичките верници го слават Божиќ но и имаа можност да го вежбаат и усовршуваат англискиот јазик кој многу ќе им биде потребен во понатамошното образование.







ПРОМОЦИЈА НА ЗЕЛЕНОТО ЗНАМЕ И ДЕГУСТАЦИЈА НА ЗДРАВА ХРАНА

На 22 декмври 2011 година во просториите на ООУ„Св. Кирил и Методиј“ во присуство на многу гости како и присуството на заменик градоначалникот на општината, претставници од локалната самоуправа на Општина Велес, претставници од Министерството за образование и наука и претставници од организацијата ОХО беше извршена промоција на добиеното ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ и на сите други активности од еко проектот. Ова беше проследено со пригодна програма кадешто хорот ја испеа еко химната, драмската секција настапи со убава и поучна еко претстава, помладите членови на драмската секција настапија со изведба на куклена претстава и на крај со песна и игра не развеселија најмалите во нашето училиште. После програмата се изврши дегустација на здрава храна подготвена од ученици од I до V одделение.
Сето ова се случи благодарение на учениците од нашето училиште, кои неуморно работеа на развивање на еко свеста во нашето училиште, а вработените на училиштето станаа горди што создаваат генерации со развиена еко свест, генерации на кои сите вработени во нашето училиште се гордеат со нивниот постигнат упех за развивање на еколошката свест.










ИЗРАБОТКА НА ЕКО БРОШУРА

Во пресрет на подготовките за промоција на Зеленото знаме кое го добивме на Еко самитот започнавме со изработка на ЕКО БРОШУРА во која запишавме разни факти за заштеда на електричната енергија. Овие брошури ќе бидат достапни да се разгледаат на промоцијата на Зеленото знаме а после промоцијата ќе бидат поделени на сите одделенија во нашето училиште.





ЕКО САМИТ 2011 - ДОБИВАЊЕ ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ И СТАТУТ ЕКО УЧИЛИШТЕ

На 2 и 3 декември 2011 година во Охрид се одржа ЕКО САМИТОТ на кој што ние како училиште конкуриравме за добивање ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ и сатут „ЕКО УЧИЛИШТЕ“. Изминатата учебна година започнавме со реализација на проектот, односно со селектирање и рециклирање на отпадот, претставниците од ОХО и од Министерството за образование и наука кои го посетија нашето училиште минатата учебна година беа воодушевени од реализацијата на проектот и добивме само пофални зборови. Оваа година продолживме со реализацијата на проекот но овој пат покрај рециклирањето отпад започнавме со штедење на електричната енергија и јадење здрава храна. Со овие реализирани активности организаторите на овој проект одлучија на ЕКО САМИТОТ нашето училиште да го прогласат за ЕКО УЧИЛИШТЕ и да го наградат со престижното ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ, со тоа што ние како училиште гордееме со постигнатиот успех и оваа награда ни претставува поттик за да продолжиме со реализацијата на овој проект.





ДОНАЦИЈА НА КНИГИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

На 28.11.2011 во организација на Мировниот Корпус на САД во Македонија и американската компанија Darien book Plan Inc. се збогати нашата училишна библиотека со книги на англиски јазик. Пристигнатите книги од САД во употреба ги предаде Сем Расел, волонтер на Мировниот Корпус. Со ова учениците ќе имаат можност да користат нови методи за учење на англискиот јазик и ќе имаат пристап до книги на англиски јазик од областа на природните науки како и изданија за поттикнување на детската креативност во различни области.





ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДЕТСТВО БЕЗ МАНА - ДЕН НА ДРВОТО 2011

На денот на дрвото освен ученици кои што се приклучија во акцијата за пошумување на езеро Младост, учениците од I до V одделение изработуваа најразлични декоративни украси од зеленчук и овошје. Овој проект има цел преку забава учениците да научат дека зеленчукот и овошјето се многу важни за нивната исхрана и воедно да бидат многу здрави.







ДЕН НА ДРВОТО - ЗАСАДИЈА СВОЈАТА ИДНИНА 2011

На 19.11.2011 година нашето училиште зема активно учество во акцијата Ден на дрвото 2011 која се одржа по втор пат оваа година. 50 ученици со наставници од нашето училиште отидоа на езеро Младост каде што се вршеше акцијата за пошумување. Сите ученици активно се вклучија во акцијата за пошумување и посадија голем број нови дрвца, со тоа покажаа дека нашето училиште сака чист воздух и чиста здрава средина.








МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ - РОБОТИКА И АВТОМАТИКА

На 4 ноември во ООУ„Блаже Конески“ се одржа презентација за роботика и автоматика на наставници и директори на училишта од Источна Македонија подржана од Американската организација УСАИД. Нашето училиште под раководство на наставничката по техничко Соња Ристова која воедно е избрана за обучувач за автоматика и роботика на наставници во Македонија, со своите изработени задачи ја презентираа функионалноста на овие работни задачи. Гостите беа воодушевени како изработените макети функционираат на начин на кој се олеснува работата на човекот. Посебно беа изненадени од работата на макетата „премин преку железничка пруга“ и макетата „алармен уред“ со тоа што беа побарани да се вметнат во новиот прирачник на УСАИД кој е достапен за цела Македонска јавност.







ИЗРАБОТКА НА ЕКО ЦРТЕЖИ

ООУ„Св. Кирил и Методиј“ продолжува со реализација на активностите од Еко проектот оваа година ќе реализираме содржини од заштедата на енергија со тоа што сите секции започнаа со изработка на проекти и презентации за заштеда на електрична енергија.
Ликовната секција под раководство на наставникот по ликовно Илчо Стојановски изработи прекрасни еко цртежи кои беа поставени низ целото училиште со тоа што направивме уште еден чекор понапред од патот за добивање на ЗЕЛЕНОТО ЗНАМЕ и статутот ЕКО УЧИЛИШТЕ за кои се надеваме дека ќе ги добиеме на еко самитот.









ПОЕТСКИ КАРАВАН - 44ТИ ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Ја имавме честа по повод 44 Детски Рацинови Средби, наши гости на поетскиот караван да ни бидат Горјан Петревски, најсаканиот автор за деца и млади и Душан Ѓуришиќ еден од најпознатите автори за деца и млади во Црна Гора. Малиот хор и инзвонредните музичари под раководство на наставничката Анѓа Брашнарска, како и членови на литературната секција приредија пријатно изненадување за нашите гости - писатели, ученици и ментори од другите училишта и градови од Македонија. Секој во нашето училиште мора да се чувствува пријатно без разлика дали е гостин или домаќин!