ПРОЕКТ „СОЖИВОТ БЕЗ ПРЕДРАСУДИ“ - АКТИВНОСТИ

За до дојдеме до финални сознанија и производи за проектот „Соживот без предрaсуди направивме многу истражувања, пребарувавме на интернет, вршевме интервјуа и на крај си ги проверивме знаењата и подготвивме разни видео записи од активностите. Дел од активностите ќе ви ги прикажеме и на вас.

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ КУЈНИ

Учениците кои земаа учество во овој проект се поделија во повеќе групи и секоја група истражуваше различни области. Една од групите ги истражуваа традиционалните кујни. Истражуваа од каде потекнуваат традиционалните јадења, што е карактеристично за нив, колку се стари тие јадења и др.















ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ НАРОДНИ НОСИИ

Едно од најзанимливите истражувања беше истражувањето за народните носии. Учениците ги истражуваа сите народни носии со тоа што ги проучуваа од што се изработени, во кој период се носени, колку време е потребно да се изработи една народна носија и др.








TРАДИЦИОНАЛНИ ОРА И ТАНЦИ

На часот по физичко образование учениците весело со музика и песна ги повторија ората и танците што ги учеле. Топтанот, Елено моме и многу други ора од македонскиот фолклор се играа весело и со многу песна, а исто така се изигра и познатиот англиски валцер.






ДРАМАТИЗАЦИЈА „ЗАЕДНО ПРОСЛАВУВАМЕ И ДРУГАРУВАМЕ“

Драматизацијата „Заедно прославуваме и другаруваме“ беше изведена од најдобрите глумци во нашето училиште - членовите на драмската секција. Тие во драматизацијата го прикажаа единството кое треба да го имаат сите деца без разлика од која националност се.








КВИЗ НАТПРЕВАР

На крајот од истражувањето беше организиран квиз натпревар, на кој учествуваа ученици од нашето училиште. Квизот беше направен со помош на алатката Flash cards. Учениците беа поделени во 3 групи по двајца во секоја група. Целта на овој квиз беше да се провери знаењето за тоа што го истражувавме. Од одржаниот квиз добивме позитивни и високи резултати и заклучивме дека од она што го сработивме добивме позитивен одговор.











ПРОЕКТ „СОЖИВОТ БЕЗ ПРЕДРАСУДИ“

Започнавме проект кој е многу важен за едукацијата на учениците во нашето училиште. Започнавме проект во кој учениците истражуваа не само за македонската традиција и култура туку и за албанската, турската, бошњачката, француската и англиската традиција и култура. Преку читање најразлични книги, пребарување на интернет, вршеа интервјуа на лица од различни националности дојдоа до многу сознанија за различните култури и традиции. Ги истражуваа традиционалните кујни, научија како се прави баклава, пита пастрмајлија, мантии, тавче гравче и многу други специјалитети. Во проектот учество земаа литературната, драмската, ликовната секција како и англиската и француската секција.
Финални производи од овој проект се организираниот квиз натпревар, драматизацијата изведена од страна на членовите на драмската секција, песна снимена на различни јазици, цртежи изработени од ликовната секција и многу видео записи од истражувањата за традиционалните кујни и носии.
На крајот од истражувањата заклучивме едно нешто. Заклучивме дека иако сме од различни националности, имаме различни традиции, празници и верувања сепак ние сме деца, играме заедно, споделуваме тајни, се смееме и не е важно дали е некој македонец, албанец или турчин ние имаме едно нешто заедничко а тоа е најубавите години во животот со најдобрите другари на светот без разлика кој националност се, другари кои ќе ги паметиме до крајот на животот.


Видео материјали

Нови видео материјали од активностите и работата на ООУ„Св. Кирил и Методиј“ се достапни за сите и можете да ги погледнете тука.

ВТОР ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТАТА НА ЕКО - ОДБОРОТ

Во текот на ноември и декември нашто училиште активно работеше во спроведувањето и реализирањето на активностите во рамките на проектот „ Еко – училиште “.
Акцијата за собирање на стара хартија и ПЕТ пластична амбалажа активно беше реализирана и во овој период и истата продолжува и во иднина.
Еко – патролите успешно ја извршуваат својата работа и редовно ја контролираат потрошувачката на електрична енергија во училиштето. Се контролира работата на компјутерите и доколку тие непотребно се вклучени,челновите на еко-паролата ги исклучуваат.Еко-патролите ја контролираат и работата на светилките и сите електрични уреди во училиштето.
Изработивме брошури со пораки за штедење на електричната енергија и флаери кои беа поделени меѓу учениците и вработените во училиштето,а истите ги добија и одговорните од ОХО проектот на денот на промоцијата на Зеленото знаме.






Организиравме отворен еко – ден за идеи на кој учениците, наставниците и родителите оставаа свои пораки – идеи за штедење на електричната енергија.Од страна на учениците добивме интересни идеи за тоа како да ја заштедиме електричната енергија:
- Инсталирање на виртуелни компјутери
- Искористување на термалната енергија
- Употреба на енергетско ефикасни пригушници
- Исклучување на апаратите од штекерите кога не се користат и др.
По повод добивањето на Зеленото знаме кое свечено ни беше доделено на Еко – самитот на кој учествуваше и нашето училиште, организиравме свечена програма на која го промовиравме знамето. За таа цел членовите на драмската секција подготвија драматизација на тема „ За здрава средина се ќе строиме, за иднината ќе се бориме “, а хорот сними еко - песна .
Серизноста и важноста на проектот ја потврди посетата на претставниците од Министерството за образование и наука,Претседателот на Советот на Општина Велес, претставниците од Локалната самоуправа, претставници од НО, Еколошките друштва,Зелената коалиција, локалните медиуми ТВ Канал 21,ТВ Здравкин, 5ФМ Радио и многу родители чии деца се најзаслужни за добивањето на Зеленото знаме.
Добивањето на Зеленото знаме го привлече вниманието на јавноста и истата повеќе е информирана преку нашите гостувања во утринската програма на 5 ФМ Радио и во утринската програма „Велес наутро“ која се емитува на локалната ТВ Канал 21.Во утринската програма на ТВ Канал 21 гостуваа директорката на училиштето Анита Мирчева и ученикот Бојан Страчковски.Тие ги промовираа сите активности на училиштето во рамките на еко-проектот.
Во текот на месец декември за учениците беа организирани неколку едукативни трибина за штедењето на електричната енергија. Обуките беа реализирани од страна на г. Игор Смилев,Претседател на Зелената коалиција.
За едукација на младите генерации беше одржана од страна на наш поранешен ученик Ѓ.Наков презентација во одделенска настава за заштита на животната средина од е-отпад .
На часот по Техничко образование од страна на одговорниот наставник Соња Ристова заедно со група ученици беше изработен проект на тема „ Рационално користење на електричната енергија во земјоделството“. Овој проект предизвика голема заинтересираност и ја разбуди љубопитноста кај голем дел од учениците кои активно се вклучија.
Активностите на Еко – одборот продолжуваат со истиот интензитет и во второто полугодие.