ОПШТИНСКИ МУЗИЧКИ СМОТРИ

На 10 април 2012 година во ООУ„Блаже Конески“ - Велес се одржаа Општинските музички смотри. Хорот и оркестарот на нашето училиште под диригентската палка на наставничката Анѓа Брашнарска беше дел од оваа манифестација. Хорот настапи со композициите „Зурли трештат“ (народна песна) и „Ципјатки“ композиција на руски јазик. Оркестарот настапи со композицијата „Игра“ од В.А. Моцарт и „Болен и ми лежи Миле Поп Јорданов“ народна песна. Публиката беше воодушевена и од хорот и од оркестарот, со тоа што го освоија високото II место.





ИЗГРАДБА НА НОВИ СОБЛЕКУВАЛНИ

ООУ„Св. Кирил и Методиј“ уште од самиот почеток со започнување со едукација на учениците прави промени во училиштето се со една цел - да им се овозможи на учениците удобно место за престој. Така и овој пат. Убавото сонце и топлите денови не привлекоа и одлучивме да започнеме со изградба и реновирање на нови соблекувални за наставата по физичко образование. Веднаш сите се вклучивме во работата за изградба на соблекувалните. Веднаш се почувствува работната атмосфера во училиштето. Работата уште не е завршена треба уште многу да се работи за да се добие посакуваниот резултат, но кога се ќе биде готово ќе добиеме удобно место кадешто ќе ги поминуваме часовите наменети за наставата по ФЗО и не само затоа туку и место за рекреација и дружење.








ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

По повод 21 април Денот на планетата Земја учениците од ООУ„Св. Кирил и Методиј“ организираа приредба со која го одбележаа овој значаен датум за планетата Земја и воедно за нашето училиште бидејќи е во склоп на активностите од Еко - проектот. Приредбата беше подготвена од страна на учениците од III одделение под раководство на нивните наставници. Приредбата беше проследена со голем интерес од страна на најмладите во оваа училиште, а истовремено научија нови работи за планетата Земја.













ДРЖАВНА СМОТРА НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ 2012

На 21.04.2012 година во ООУ „Тошо Велков - Пепето“ во Кавадарци се одржа државниот натпревар на млади техничари и природници.Особено ни беше мило присуството на претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов кој срдечно ги поздрави и им посака голем успех на сите учесници. ООУ„Кирил и Методиј“ на овој натпревар се натправаруваше во повеќе области и освои повеќе места. Најзначајни беа III место во областа применета географија, кое го освои ученичката Мартина Гаџова, Георѓи Тумбов го освои V место во областа компјутерска техника, исто така ученичката Бојана Петрова во областа архитектура и градежништво го освои IV место. Останатите ученици добија признанија за учество на натпреварот.

Ученици натпреварувачи на натпреварот:

Астрономија – Бојана Чолакова VIб/9

Агротехника – Теодора Крстевска VII а

Архитектура и градежништво – Бојана Петрова VIа/8

Компјутерска техника – Георѓи Тумбов VIв/8

Применета географија – Мартина Гаџова VII а

Применета хемија – Ариалда Калач VIII б

Ракетно моделарство - Петар Иванов VIII в























РЕГИОНАЛНА СМОТРА НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ 2012

На 07.04.2012 во ООУ„Ј.Х.К - Џинот“ – Велес се одржа регионална смотра на млади техничари и природници. Нашето училиште зема активно учество во скоро сите области и постигна многу добри резултати со тоа што обезбеди пласман во многу области на државно ниво.

Ученици учесници на натпреварот:

Автоматика – Бојан Страчковски VIII в – II место

Астрономија – Бојана Чолакова VIб/9 I место

Агротехника – Теодора Крстевска VII а – I место

Архитектура и градежништво – Бојана Петрова VIа/8 - I место

Бродомоделарство – Даниел Пановски VII а – III место

Екологија – Паула Иловска VII а – IV место

Електроника – Катерина Јосифовска VIII а – III место

Компјутерска техника – Георѓи Тумбов VIв/8 – I место

Применета географија – Мартина Гаџова VII а – I место

Применета математика – Саше Петров VIIа – III место

Применета Хемија – Антонио Цветковски VIII а – I место

Ракетно моделарство – Петар Иванов VIII в – I место

Роботика(Лего робот) – Трајче Андреев VII б – II место

Сообраќајна техника – Сара Иванова VII б – III место

Ментори:

-Соња Ристова (наставник по техничко образование) – автоматика, архитектура и градежништво, бродомоделарство, електроника, компјутерска техника, ракетно моделарство, роботика и сообраќајна култура.

-Павлина Карова (наставник по биологија) – астрономија, агротехника и екологија

-Оливера Пановска (наставник по географија) – применета географија

-Вера Цветкова (наставник по математика) – применета математика

-Душанка Бошкова (наставник по хемија) - применета хемија

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР „ДЕТСКИ СЕМАФОР“ 2012

Општинскиот натпревар „Детски семафор“ 2012 се реализираше на 20.04.2012 во ООУ„Васил Главинов “ – Велес. Учениците од нашето училиште го освоија III место на екипно ниво. Поединечен успех постигна Андовска Јована (I место) VIа/8 и обезбеди пласман за регионален натпревар кој ќе се одржи на 28.04.2012 во Кавадарци. Останатите ученици го освоија III место во поединечен успех.

Ученици кои учествуваа на натпреварот:

Ставровска Викторија VIа/9

Андовска Јована VIа/8

Солев Бојан VIв/9

Темелковски Стефан VIа/9

Николова Елена VII б

Манасков Тоше VIб /8

Ментор: Соња Ристова – наставник по техничко образование











ВЕЛИГДЕНСКА ПРОДАЖНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ“

Во пресрет на велигденските празнувања во организација на Општина Велес беше организирана манифестацијата „Велигденско јајце“ во која учество земаа сите основни и средни училишта како и градинката „Димче Мирчев“ и Општинската Организација на Црвениот Крст. На манифестацијата присуствуваше и ООУ„Св. Кирил и Методиј“ со тоа што ги изложи своите најдобро изработени велигденски јајца и украси. Исто така минувачите имаа можност да купат некои од рачно украсените јајца и украси.





ЦЕНТРАЛНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ДЕНОТ НА ДРВОТО“ ПРОЛЕТ 2012

По повод манифестацијата „Ден на дрвото“ пролетната акција која се одржува секоја пролет централната манифестација се одржа во нашето училиште бидејќи во градот се промовираше како доста активно кога е во прашање здравата чиста околина и воедно добивањето на зеленото знаме уште повеќе се дојде на знаење колку ООУ„Св. Кирил и Методиј“ се грижи за својата околина. Овој пат акцијата беше изменета и беше поразлична од другите акции. Имено овој пат не се садеше дрвца како што се правеше претходните години, овој пат се садеа семки од јасен од кои ќе израснат млади садници и истите ќе бидат засадени на есенската акција за пошумување на локација одредена за пошумување. Настанот беше проследен од претставници од локалната самоуправа, невладини организации и претставници од медиумите.








ПАТУВАЧКИ ТЕАТАР НА ШЕНКА КОЛОЗОВА, ГОЦЕ ТОДОРОВСКИ И ВЛАДО ДОЈЧИНОСКИ

На 7 април 2012 година учениците од ООУ„Св. Кирил и Методиј“ имаа несекојдневна прилика да бидат дел од еден настан кој ретко се случува по основните училита во нашата држава. Поточно, учениците имаа прилика да проследат една театарска претстава која беше изведена од страна на патувачкиот театар на легендарната и неповторлива Шенка Колозова, познатиот Гоце Тодоровски и младиот но доста успешен Владо Дојчиноски кои сите ни се доста познати од емитувањето на Македонските народни приказни на телевизија.
Сите ученици со нестрпливост и радост го очекуваа почнувањето на претставата и стапување на познатите актери на театарската сцена. Воедно претставата беше проследена со многу големо внимание со тоа што и самата Шенка Колозова после претставата изјави дека ја имале најдобрата публика пред која имаат играно досега.