ПОВТОРНО МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ!


На меѓународниот детски поетски фестивал „Дечје царство“ нашите ученици се повторно меѓу најдобрите. Наградени се ученичките  Сара Иванова и Сања Мирчева, а нивните песни се објавени во зборникот на фестивалот. На покана на организаторот нашите ученички заедно со нивниот ментор требаше да престојуваат во Бања Лука на сцечеоноста по повод доделувањето на наградите, но со оглед на многубројните ангажмани на нашите ученици и тековните натпревари, тие не беа дел од свечената церемонија.

РЕГИОНАЛНА СМОТРА НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ


1.      Роботика – 1 место, Драган Перков и Трајче Андреев, Ментор: Соња Ристова
2.      Автоматика – 1 место -Марија Војневска -Дино Јанакиев -Ментор: Соња Ристова
3.      Собраќајно моделарство – 1 место -Сара Иванова -Ментор:Соња Ристова
4.      Компјутерска техника – 1 место -Тумбов Георѓи -Ментор: Соња Ристова
5.      Електроника – 1 место -Марија Апостолова -Ментор: Соња Ристова
6.      Екологија - 1 место -Батиловиќ Белмина -Ментор: Павлина Карова
7.      Градежништво и архитектура – 1 место -Бојана Петрова -Ментор:Соња Ристова
8.     Фототехника -2 место -Сања Мирчева -Ментор: Соња Ристова
9.     Астрономија – 2 место -Јованов Никола -Ментор: Павлина Карова
10.  Применета биологија – 2 место -Теодора Крстевска -Ментор: Павлина Карова
11.  Применета географија – 2 место -Мартина Гаџова -Ментор: Оливера Пановa
12.  Применета математика -2 место -Саше Петров -Ментор: Верица Цветкова
13.  Агротехника – 2 место -Тодорка Мајсторова -Ментор: Соња Ристова
14.  Ракетно моделарство - пофалница -Виктор Арсов -Ментор: Соња Ристова
15.  Воздухопловно моделарство - пофалница -Цветановски Велко - Ментор: Соња Ристова
16. Бродомоделарство - пофалница -Даниел Пановски -Ментор: Соња Ристова







МЕЃУНАРОДНА ПОЕТСКА НАГРАДА НА ФЕСТИВАЛОТ „ЈАНОС СИВЕРИ“ ВО НОВИ САД


На меѓународниот поетски фестивал „ Јанос Сивери“ во Нови Сад, нашата ученичка Сања Мирчева во категоријата основци ја освои третата награда. Таа учествуваше на фестивалот со три поетски творби, а наградата ја освои за песната „ Моето училиште“. Оваа награда е 27 меѓународна награда за нашето училиште за неполни две години.

ПРВА НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ЕСЕЈ НА ТЕМА „КНИГАТА И КОМПЈУТЕРИТЕ“


На државниот литературен натпревар за најдобар есеј на тема „Книгата и компјутерите“ распишан од Петтата приватна гимназија, нашта ученичка Сања Мирчева го освои првото место. Оваа награда е уште една во низата награди кои во континуитет ги освојува нашето училиште и уште еднаш ја потврдува нашата успешна работа.
Наградата за најдобар есеј на ученичката Сања Мирчева и овозможи 75% стипендија за продолжување на своето образование во Петтата приватна гимназија.



АПРИЛИЈАДА


Традиционално и оваа година по повод Денот на шегата, нашето училиште организираше Априлијада за своите ученици. Учениците преку своите маски ги искажаа својата креативност, своите желби и неостварени соништа.
Априлијадата имаше натпреварувачки карактер, а најдобрите маски беа наградени.
Оваа година најкреативни беа учениците од 8б одделение.