Светски ликовен конкурс

Училиштето ООУ„Св.Кирил и Методиј“  уште еднаш покажа дека е едно од најдобрите не само во градот и државата туку и пошироко во светот. На светски ликовен конкурс во Чешка,на кој учествуваа 25.000 ликовни творби, нашиот ученик Стефан Александарски под менторство на наставникот Илко Стојановски, освои светска награда-медаља и се вброи помеѓу десетте најуспешни во светот.    
На 25.10.2013 год. медаљата на нашиот Стефан лично му ја врачи амбасадорот на Р.Чешка, кој беше гостин во Општина Велес.   





Спорт за сите

На 25.10.2013 год. во ООУ„Св.Кирил и Методиј“ - Велес започнавме со спортски активности под мотото "СПОРТ ЗА СИТЕ" каде што учество земаа учениците од V и VI одд. Овие спортски активности се под покровителство на Сојузот на училиштен спорт (СУС) Велес и под менторство на предметните наставници по ФЗО како и двајца наставници по ФЗО волонтери во нашето училиште и ќе се изведуваат во наредните четири петоци. 
Нашето училиште беше избрано помеѓу основните училишта во градот како единствено училиште во кое ќе се изведуваат овие спортски активности, кои и во минатото со успех ги организиравме.  

 ООУ„Св.Кирил и Методиј“-Велес созададе уште една можност за заедничко дружење, спортување и развивање на спортскиот и натпреварувачки дух кај нашите ученици!

Информирање на родителите и вработените за спроведувањето на програмата и ЕКО – АКТИВНОСТИТЕ на нашето училиште „ Св. Кирил и Методиј ” Велес за период Јануари – Јуни 2013 г.

Нашето училиште Св. Кирил и Методиј од Велес веќе трета година по ред, успешно го спроведува проектот „ Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем ” за кој што во учебната 2011/2012 год., училиштето го доби сертификатот за ЕКО – УЧИЛИШТЕ на ниво на ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ, како единствено основно училиште во нашиот град со највисоко ниво на награда од областа на екологијата.
И оваа учебна година, продолжуваме со такво успешно темпо, а целта на дејствување ни беше насочена кон вториот Еко – стандард: Заштеда на вода. Следствено на тоа, оваа година проектот го имаше следното мото:  „ Со штедење на водата, ја чуваме природата ”. Целта ни беше да ја подигнеме свеста и кај учениците и кај вработените за мудро и рационално користење на водата и дека преку работа на многу еколошки теми, можеме да ги научиме учениците дека со мали акции и промена на навиките може да се постигне многу за заштита на животната заедница.
Наставниците – членови на ЕКО ОДБОРОТ заедно со учениците членови на ЕКО – ПАТРОЛИ и сите останати ученици од одделенска и предметна настава, предводени од координаторот на проектот Ирена Андреева, успешно ги реализираа планираните еко активности во учебната 2012/ 2013 год.
Училиштето зема активно учество во светскиот „ Ден на акција ” одржан на 08.11.2012год. и на 22.04.2013 год., преку засадување на цвеќиња и туи во училиштето, разубавување на дворни површини во задниот дел на училиштето, ученици вишеа летала со еко пароли за чиста и здрава средина, возеа ролерки во младинскиот парк, изработуваа експонати од природен материјал и др.
Денот на пролетта 21 Март го одбележавме со распишување на литературен и ликовен конкурс за одделенската настава на тема: „Со штедење на водата ја чуваме природата ”. Од многубројните пристигнати литературни творби прво место освои ученичката Меланија Стојанова од IV-в одд., а од ликовните творби прво место освои ученичката Катерина Спирова од V-а одд. Овие ученици беа промовирани и наградени на еко приредбата организирана од учениците од IV одд. Учениците од II одд. за денот на пролетта 21 Mарт, организираа еко парада и закачуваа еко пораки на дрво, манифестација организирана од општина Велес во центарот на градот.
По повод 22 Март - Светскиот ден за заштеда на водата, учениците на разгласот слушаа  стручно предавање од експерт од ЈПВ „Лисиче” Велес.
Еко активностите на еко- одборот континуирано продолжија да се реализираат и во текот на месец април.
Во првата половина на месецот во училишните ходници и во дворот беа поставени корпи за отпадоци на нови локации, а старите корпи беа заменети со нови. Поставувањето на корпите за отпадоци влијае за подигнување на изградената еколошка свест кај учениците и развивање на грижата за заштита на животната средина.Учениците умеат да направат селекција на отпадоците и да ги сместат таму каде што припаѓаат. Нашите ученици знаат дека Земјата е нашиот единствен дом. Тие се вклучија во одбележувањето на Денот на Планетата Земја- 22 Април. По тој повод учениците од IV  и V одд. подготвија музичко – поетски колаж преку кој беа искажани силни пораки за зачувување на Планетата Земја.
Учениците од IV одд. реализираа и квиз натпревар на тема: Водата – извор на живот, каде покажаа солидни знаења за штедење и рационално користење на водата. Учениците од III одд., заедно со одговорниот наставник Миле Ракиџиев ја посетија градската пречистителна станица на ЈПВ „Лисиче”, каде имаа можност практично да видат и слушнат како доаѓа чиста вода во нашите домови.
Во соработка со ЈПВ „Лисиче”, одговорното лице од оваа претпријатие, Антоанета Стојанова изврши стручно предавање преку видео презентација за учениците од нашето училиште на тема: „Да и дадеме надеж на водата ” која  беше многу интересна и поучна за учениците од IV одд.
Во рамките на планираните еко активности во месец Мај беше извршено уредување на задниот дел од училишниот двор преку цртање и разубавување на ѕидот во дворот преку несебична помош од наставникот по ликовно образование Илчо Стојановски и                                     учениците од ликовната секција.
Училишниот двор беше дооплеменет со поставување на клупи и засадување на цвеќиња од ученици – членови на цвеќарската секција.
По повод 5 Јунисветскиот ден за заштита на животната средина – учениците од III одд. подготвија прекрасна еко – приредба, а учениците од VI/9 одд. реализираа квиз натпревар на оваа тема, на кој покажаа завидни резултати. Учениците од ликовната и информатичката секција изработија постери со лого за заштеда на водата Save water ” и „ Save life ”, а членовите на ЕКО – ПАТРОЛИТЕ ги поставија флаерите за рационално користење на водата во тоалетите во училиштето и за учениците и за наставниците.
Меѓутоа, најмасовно учество, учениците земаа во собирната акција за собирање на пластична амбалажа и стара хартија. Секој понеделник, одговорните ученици уредно ги забележуваа податоците за  собраната пластична амбалажа и стара хартија, кои учениците грижливо ги собираа и ги носеа во училиштето.
А сега да слушнеме кои се најуспешните до сега за собрана пластична амбалажа и стара хартија:
Во досегашната собирна акција, од почетокот на учебната година до сега, на прво ( 1 ) место е паралелката на VIIб/8 со собрани неверојатни 3696 пластични шишиња, на второ ( 2 ) место е паралелката на IIIа одд. со собрани 2701 пластично шише, а на трето ( 3 ) место е паралелката на IIIв одд. со собрани 1192 пластични шишиња.
Во наведениот период, собрани се вкупно 509 кг. стара хартија. На прво ( 1 ) место од почетокот на учебната година до сега е повторно паралелката на VIIб/8 со собрани вкупно 306,6 кг. стара хартија, на второ ( 2 ) место е паралелката на VIIа/9 со собрани 139 кг. стара хартија и на трето ( 3 ) место е паралелката на VIIв/9 со собрани 121,2 кг. стара хартија. На крајот, со гордост можеме да истакнеме дека во периодот од Јануари до Јуни 2013 год. собрани се вкупно 11.084 шишиња - пластична амбалажа и 651,1кг. стара хартија
Честитки до двојните победници – паралелката на VIIб/8 кои ќе добијат пригодна награда, но и до сите останати паралелки кои дадоа свој придонес во овогодинешните собирни акции. Благодарност и до одговорните ученици од VIIа/9 задолжени за броење и нумерирање на пластичните шишиња и старата хартија во текот на целата учебна година.
Учениците од ова одделение за нивниот несебичен ангажман, училиштето ќе ги награди со еднодневна екскурзија, заедно со нивниот класен раководител.
Во иднина продолжуваме со реализација на предвидените активности според годишниот календар, за да ја  разубавиме средината во која живееме и да обезбедиме подобро место за живеење на нашите деца и идните генерации .

Информирање на родителите, учениците и вработените за спроведувањето на еколошките активности на нашето училиште

Еве сме на крајот на календарската 2012 г. или на крајот од прво полугодие, кога се сумираат резултатите од активностите во изминатиот период.
Акцијата за собирање на пластична амбалажа и стара хартија се одвива веќе трета година во нашето училиште, и тоа доста успешно, благодарение на нашите  ученици. Нивното редовно и уредно носење на пластична амбалажа и стара хартија секој понеделник резултираше со одлични резултати. Нашето училиште зема активно учество за одбележување на светскиот Ден на акција  преку организирање на активности во младинскиот парк во градот,како возење ролерки,вишење летала со еко пораки,изложба на експонати од природни матријали,културно-уметничка програма  итн.
Координаторот на проектот Ирена Андреева заедно со ученичката Мартина Гаџова-член на еко одборот, земаа учество во утринската програма Велес наутро која се емитува на локалната ТВ Канал 21. Тие ги промовираа сите активности на училиштето во рамките на еко проектот.
Дел од пластичната амбалажа што ја собравме, ја искористивме за изработка на експонати од пластична амбалажа, со кои што земавме учество на републичкиот натпревар на фирмата – ПАКОМАК.
Со помош на нашите вредни наставнички и ученици изработивме новогодишни експонати на Дедо Мраз, Снешко, Новогодишна елка, Ангел, Зајак и се од пластични шишиња.
Еко – паролите успешно ја извршуваат својата работа и редовно ја контролираат потрошувачката на вода во училиштето. Се контролира и работата на компјутерите и доколку тие непотребно се вклучени,членовите на еко-паролата ги исклучуваат. Еко-паролите ја контролираат и работата на светилките и сите електрични уреди во училиштето.
На еден од одделенските часови меѓу учениците беше спроведена анкета за тоа колку знаат за водата, потребата од неа и нејзината заштеда, извори, потрошувачката и нејзиното штедење. За истото беше дискутирано со учениците кои покажаа голем интерес за начините на штедење на водата. Анкетен прашалник беше спроведен и меѓу наставниците од одделенска и предметна настава.
Во периодот од месец Септември до месец Декември 2012 год. собрани се вкупно 11003 пластични шишиња и тоа: 10409 шишиња се собрани во ООУ„ Св.Кирил и Методиј” а 594 шишиња се собрани во подрачното училиште во с.Црквино. Во досегашната собирна акција, на прво место за собрана пластична амбалажа е паралелката на VII-б одд./8 со собрани 1429 пластични шишиња, второ место е III а одд. со собрани 833 шишиња и на трето место е VIII одд. со собрани 764 пластични шишиња.
Во наведениот период собрани се вкупно и 510 кг. стара хартија. На прво место е паралелката на VII/9 одд. со собрани 67,5 кг. стара хартија, второ место е паралелката на IV- в одд. со собрани 62,7 кг. хартија и на трето место е IV-б одд. со собрани 44,85 кг. стара хартија.
Целта на овој еко-проект  е да ги поттикнеме сите вработени дека само со континуирана и заедничка работа  можеме да  направиме нашето училиште да биде  здрава и чиста животна средина во која ќе може да се учи и работи. Со мали акции и промени на навиките, може да се постигне многу. Треба сите да бидеме свесни за потребата да делуваме локално, а да мислиме глобално.
Почитувани ученици ,наставници и родители

Да продолжиме и понатаму со негување на еколошките навики, да ја штедиме енергијата и водата, да се грижиме за чистотата во училиштето и да потврдиме зошто сме еко-училиште за пример во нашиот град – носител на највисоко ниво на награда од областа на екологија – Зелено знаме.

„Ние за нашиот Стојанче“

ООУ„Св.Кирил и Методиј“ во периодот од 14.10.2013-18.10.2013 год.организираше хуманитарна акција „Ние за нашиот Стојанче“со цел да му помогне на ученикот Стојанче Димовски, да се врати на училиште кај своите другарчиња.Стојанче има 11 год. и боледува од церебрална парализа.За да може самостојно да се движи потребно е негово лекување во  Zhongfang Red Cross -Интернационална болница во Кина. Лекувањето вклучува хербална медицина за орален третман, масажа и акупунктура. Лекувањето трае три месеци и треба да започне во Декември, 2013 година. Оваа хуманитарна акција беше организирана со цел да му помогнеме на нашето другарче  Стојанче и на неговите родители да соберат парични средства за неговото лекување.    
Хуманитарната акција „Ние за нашиот Стојанче“ беше составена од повеќе активности:
-Учениците заедно со своите наставници кои ја организираа оваа акција и со помош на „Црвениот крст“ собираа доброволна парична донација, а хуманитарната касичка ја пуштија и по другите средни и основни училишта во градот.
-Во средата на  16.10.2013 ОД 15 - 17 Ч на плочникот на некогашниот хотел „Интернационал“ беше изведена хуманитарна продажна акција на храна која ја донираа учениците од нашето училиште. Голема благодарност до вредните мајки и баби кои подготвија разновидни и вкусни колачи, торти, погачи и кифлички.Акцијата беше успешна и беше продадено целото количество на храна.  
-Хуманиратната акција „Ние за нашиот Стојанче“ успешно заврши со хуманитарната забава на 17.10.2013 год. во Club NOCTURNO PRIVATE PARTY PLACE  заедно со String Art  и нашата порнешна ученичка Ива . Влезниците за забавата чинеа само 30 ден.и овие парични средства ќе бидат дел од донацијата за Стојанче. 

Ние како училиште се потудивме колку што можеме да му помогнеме на Стојанче.Тој е прекрасно дете и го заслужува сето ова, затоа му посакуваме колку што може побрзо да замине и да го започне своето лекување, а ние му посакуваме среќа и го очекуваме повторно меѓу нас.Стојанче те сакаат учениците од ООУ„Св.Кирил и Методиј“.

Детска недела

По повод „Детската недела“ која секоја година традиционално се одбележува во првата недела од месец Октомври во нашето училиште беа изведени повеќе активности за одбележување на истата.  

     1. Во чест на најмалите првачиња и нивниот прием во детската организација во нашето училиште гостуваше детскиот театар „Крик“ со претставата „Црниот лебед“. Учениците уживаа во прекрасната изведба на нивните омилени актери, а тие си заминаа воодушевени од прекрасната детска публика и нивниот искрен аплауз !!! 

      2. Во ООУ„Св.Кирил и Методиј“ по повод „Детската недела“, успешно беа одржани „Игри без граници“ во организација на Агенција за млади и спорт и нашето училиште.Нашите колеги наставници кои беа одговорни организираа интересни спортски игри и уште еднаш докажаа дека се успешни.Им честитаме на оние кои освоија награди !!!  
     
      3. Учениците од прво одделение ја одбележаа „Детската недела“ на тој начин што цртаа цртежи во училишниот двор на тема „Сите растеме заедно“.Тие со своите интересни и уникатни цртежи  кои ги нацртаа во училишниот двор уште еднаш ја разубавија нашата училишна средина. Нивната креативност и радост беа огромни.   

      4. Во училиштето беше организирана хуманитарна собирна акција на училишен прибор за кој учениците сметаа дека повеќе не им е потребен. Истиот потоа беше поделен на оние ученици за кои сметавме дека им е најмногу потребен и со тоа ги направивме среќни и задоволни. Учениците од „ООУ Св.Кирил и Методиј“ уште еднаш покажаа колку многу се хумани, а доказ за тоа беше разновидниот училишен прибор кој беше собран.Освен прибор нашите ученици донираа и училишни ранци, тетратки и др.

Првачињата во посета на Општина Велес

Во рамките на Детската недела и зачленувањето на првачињата во Светската детска организација, денес 60 првачиња од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ја посетија Општина Велес. Тие се запознаа со просторот во кој работат Градоначалникот и Советот на Општина Велес и ги посетија сите служби во општинската администрација.






Општински натпревар во футсал

На 09.10.2013 год. започна општинскиот натпревар во футсал. Екипата на ООУ „Св.Кирил и Методиј“ се натпреваруваше со екипата на училиштето „Методиј Митревски- Брицо“ од Лозово, а натпреварот заврши со резултат од 1:0 во корист на нашето училиште. 


„Мала спортска олимпијада“

Пеливанскиот сојуз на 08.10.2013 год. организираше „Мала спортска олимпијада“ за традиционални спортови на која зема учество и нашето училиште. На оваа олимпијада ООУ „Св.Кирил и Методиј“ ги освои следните места:
- Скок од место машки - 2-ро место освои ученикот Љупче Јолдашев 8/а
- Скок од место женски - 2-ро место ученичката Благица Стефановска 8/в одд;      
-  Влечење јаже машки - 2-ро место;

-  Влечење јажа женски - 3-то место. 







Гостување на МТВ

На ден 07.10.2013 дел од учениците од ООУ „Св.Кирил и Методиј“ гостуваа во образовната емисија „Голем одмор“ на МТВ. Во оваа емесија нашите ученици уште еднаш со гордост го претставија своето училиште како едно од најстарите училишта во градот и дражавава воопшто. Тие зборуваа за училиштето од неговото отварање па се до денес. Се претставија со експерименти од природните науки, биологија и хемија, организираа мини квиз по математика и ја презентираа својата работа со мини роботи која ја изведуваат на часот по техничко образование. Учениците од ООУ „Св.Кирил и Методиј“, ги изложија и многубројните награди и принанија со кои се закотиле, посебно во изминативе две години.