Дедо Мраз е кај нас



                
По повод Новогодишните и Божиќните празници во ООУ„Св.Кирил и Методиј“ на ден 26.12.2013 год. се одржа отворен ден за родители, ученици и за сите граѓани кои имаа желба и беа во можност да го посетат нашето училиште. Сите посетители беа топло пречекани од домаќините и уште еднаш се уверија во креативната и посветена работа на нашите ученици и наставници.
Во рамките на овој отворен ден посетителите можеа да проследат повеќе различни активности: Новогодишна продажна изложба, квиз, ритмички точки, хор, оркестар, играорци и др.
Сите оние кои одлучија да не посетат на овој ден, на влезот од училишната врата беа пречекани од џуџињата на Дедо Мраз кои делеа Новогодишни честитки и пораки со искрени желби. Нашите посетители имаа чест да се поздрават со Новата Година и да поразговараат со прекрасниот Дедо Мраз кој беше дел од целикупната организација, заедно со неколку прекрасни еленчиња.
Во училишната менза додека се одвиваше Новогодишната продажна изложба, атмосверата ја загреваа нашите талентирани гитаристи и играорци кои предизвикаа големо воодушевување.
Во меѓувреме во кабинетот по музичко образование се одвиваше квиз натпревар помеѓу учениците од одделенска настава, организиран од нивните наставнички/ци, на тема Нова Година и Божиќ. Во меѓувреме настапија неколку групи од оделенска настава со своите ритмички точки.
Исто така да не ги заборавиме Ликовното катче и Новогодишната работилница кои изработуваа прекрасни цртежи и украси за Новата Година.
Целокупната празнична атмосвера ја доловија хорот и оркестарот со своите Новогодишни и Божиќни песни кои беа проследени од страна на публиката со восхит и внимание.

Веселиот џагор и толите насмевки на посетителите беа нашиот доказ дека и овој отворен ден беше беспрекорно успешно организиран од  страна на  учениците и наставниците на чело со директорката од ООУ„Св.Кирил и Методиј“ Велес.