ИЗВЕШТАЈ за спроведените активности од проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем” во периодот од септември - декември 2013 год.

И оваа учебна година 2013/2014, нашето училиште ООУ „Св.Кирил и Методиј” продолжува да го спроведува веќе започнатиот проект „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен сиситем” .
И оваа учебна година, продолживме да градиме и развиваме здрави еколошки навики, за да имаме чиста и безбедна животна средина: рационално да ја користиме енергијата, водата, да го собираме отпадот, да се грижиме да имаме уреден и чист двор и чиста и безбедна училишна зграда –  и сето тоа преку конкретни акции кои носат долгорочни и позитивни ефекти.
За успешно имплементирање на проектот, покрај наставниците – членови на ЕКО – ОДБОРОТ и координаторот на проектот Ирена Андреева, вклучени се и учениците од одделенска и предметна настава, како членови на ЕКО – ПАТРОЛИ од нашето училиште, и тоа со следниве ученици:
-                      Никола Таневски
            Сара Андреева           од V в одд.
            Теодора Дечева

-                      Михаил Павлов
            Иво Мирчев                 од VI б одд.

-                      Бојана Петрова
            Дамјан Димитров       од VIII  одд./8
            Ѓорѓи Тумбов

-                      Петар Андреев
            Дино Јанакиев             од VIII одд./9
            Благој Ѓорѓиев
Членовите на Еко – патролите беа многу активни и успешно ја извршуваа својата работа преку редовна  контрола на  потрошувачката на вода и електрична енергија во училиштето. Се контролираше и работата на компјутерите и доколку тие беа непотребно вклучени, членовите на еко-патролата ги исклучуваа. За да се зголеми свеста за рационално користење на водата, членовите на еко-патролите ги обновија и поставија нови флаери за штедење на водата во училишните и наставничките тоалети, а за да се зголеми свеста за рационално користење на електричната енергија, односно користење на дневната светлина, тие снимија кратко едукативно видео - Saving the energy fora brighter tomorrow , кое доби пофалби за успешната реализација.
Дел од пластичната амбалажа што ја собравме, ја искористивме за изработка на експонати од пластична амбалажа, со кои што земавме учество на републичкиот натпревар на фирмата – ПАКОМАК. Со помош на нашите вредни наставнички Снежана Бошевска и Сузана Павловска и нашите ученици од престој, изработивме експонат - селски двор, куќичка и селска девојка со пластични шишиња и еко матријали.


Извештај за собраната пластична амбалажа и стара хартија
за период од месец Септември до месец Декември 2013 год.

Во периодот од месец Септември до месец Декември 2013 год. собрани се вкупно 6737 пластични шишиња и тоа : 6297 шишиња се собрани во ООУ„ Св.Кирил и Методиј” а 440 шишиња се собрани во подрачното училиште во с.Црквино. Во досегашната собирна акција, на прво место за собрана пластична амбалажа е паралелката на I-б одд. со собрани 906 пластични шишиња, второ место е V-в одд. со собрани 706 шишиња и на трето место е IV одд. со собрани 663 пластични шишиња.
Во наведениот период собрани се вкупно и 256,7 кг. стара хартија. На прво место е паралелката на VIII/9 одд. со собрани 38,5 кг. стара хартија, второ место е паралелката на VI- в одд. со собрани 25,1 кг. хартија и на трето место е IV-а одд. со собрани 24,5 кг. стара хартија.
Ова нека биде поттик за сите  одделенски заедници –пофалените да ги задржат освоените места , а останатите да ги достигнат до крајот на учебната година .
На завршната манифестација на проектот Со енергетска ефикасност до намалена емисија на CO2  каде нашето училиште беше дел од неколкуте основни училишта од градот,  во кои  беше извршена замена на старите со нови енергетски ефикасни светилки ,а реализирано преку здружението ОХО и локалната самоуправа, нашиот ученик Петар Андреев - член на Еко одборот, беше модератор на манифестацијата и успешно ја оправда добиената доверба.
И некаде при крајот на месец декември, ја добивме  најубавата вест - по извршениот мониторинг од страна на стручни лица и претставници од повеќе институции, нашето училиште го доби по ВТОР ПАТ ЗЕЛЕНОТО ЗНАМЕ - највисока награда од областа на екологијата.  Нашата работа беше вреднувана и заслужено можеме да се пофалиме дека сме ЕКО – УЧИЛИШТЕ за пример во нашиот град., единствено училиште во градот со традиција во континуитет од четири години да го има  ЗЕЛЕНОТО ЗНАМЕ
Горди сме на ова што го постигнавме, но не застануваме овде -продолжуваме понатаму со нашите планирани активности за наредниот период и  продолжуваме и понатаму со негување на еколошките навики, зашто знаеме дека само со заедничко дејствување на сите ученици и вработени од нашето училиште, ќе можеме да ја постигнеме нашата цел – да го задржиме ЗЕЛЕНОТО ЗНАМЕ што подолго и да бидеме ЕКО – УЧИЛИШТЕ за пример во нашиот град.


                                                                                       Координатор на проектот
                                                                                              Ирена Андреева