Отворен ден на училиштето

На 06.05.2014 год. во ООУ„Св.Кирил и Методиј“ - Велес се одржа Отворен ден на училиштето. Сите заинтересирани граѓани можеа да ги посетат училишните простории и кабинети, да го видат начинот на изведување на наставата по сите предмети, да се запознаат со нашиот дневен престој, да ја посетат училишната библиотека, да се запознаат со спортските активности во училишната спортска сала итн. Во рамките на овој отворен ден, на наше задоволство, не посетија и нашите другарчиња од градинката „Димче Мирчев“. Дел од овие дечиња учествуваа во „Игри без граници“ кои ги организираа наставниците од нашето училиште, се забавуваа и на крај сите победија, а останатиот дел учествуваа во креативните работилници кои ги организираа наставничките/ците од оделенска настава. Им благодариме на сите што одвоија време и на овој ден го посетија нашето училиште, ни беше задоволство да се дружиме и заедно да се забавуваме!




Меѓуетничка интеграција - Прослава на Ѓурѓовден

Во рамките на проектот „Меѓуетничка интеграција“ од старана на директорката на училиштето „Св.Кирил и Методиј“, вработените и учениците беше организирана заедничка прослава на празникот Ѓурѓовден во с.Црквино.

Најпрвин беше посетено подрачното училиште во селото, а потоа заедно со вработените, учениците и месното население беа посетени селската џамија и црква.





Велигденски собир во Бања Врујци - Р.Србија

На 21-22. 04.2014 год. училиштето Св.„Кирил и Методиј“ учествуваше на 10-от по ред Меѓународен Велигденски собир во Бања Врујци, Р.Србија. На овој Меѓународен собир училиштето го преставивме со Велигденски традиционален штанд на кој со боите на татковината го прикажавме начинот на прославување на големиот христијански празник Велигден. Па така, покрај со литературна награда се здобивме и трета награда за уредување на овој наш штанд кој предизвика голем интерес кај жирито и кај посетителите.





Продажна изложба

По повод големиот христијански празник Велигден, учениците и вработените од нашето училиште организираа креативни работилници на кои покрај прекрасно украсени велигденски јајца, подготвија и најразлични украси карактеристични за овој празник. Украсите и велигденските јајца учениците ги продаваа на својата продажна изложба која се одржа на 17.04.2014 год. во центарот на градот. Продажната изложба беше посетен од голем број на граѓани, минувачи и родители кои беа восхитени од креативните изработки на нашите ученици.