Среќно генерацијо!

И оваа учебна 2013/2014 година, училиштето „Св.Кирил и Методиј“ свечено ги испрати своите осмооделенци и им посака успех и среќа на патот кој ќе го чекорат во иднина. Се збогувавме помалку тажни затоа што ќе заминат нашите прекрасни ученици и пријатели, а сепак среќни и горди на сите нивни успеси кои ги постигнаа претставувајќи го нашето сакано училиште. Ова беше уште една прекрасна генерација закитена со многу меѓународни и државни награди и признанија, им честитаме на нивниот успех и им посакуваме среќна и светла иднина!




Гостување во емисијата „Голем одмор“

Својата успешна воспитно образовна работа, училиштето „Св.Кирил и Методиј“ имаше можност да ја претстави при гостувањето во емисијата „Голем одмор“ на МТВ. На наша голема чест и задоволство гостин во оваа емисија заедно со нас беше и министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Оваа прилика министерот Ристовски ја искористи да каже повеќе пофални зборови за нашето училиште за што ние неизмерно му благодариме!






„Итроштините на Итар Пејо“

Како дел од 157 годинишнината од постоењето на ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и праславата на Патрониот празник на училиштето, учениците со помош на своите ментори, наставничките по македонски јазик и директорката, подготвија извонредна театарска претстава со наслов „Итроштините на Итар Пејо“. Талентот за глумење кај учениците, нивната способност  да бидат уникатни, интересни и свои, заедно со желбата колку што можат повеќе да допринесат на сцената, ја направија театарската претстава единствена, уникатна и едноставно прекрасна. Горди сме на своето прекрасно дело!






Патронен празник

Училиштето „Св.Кирил и Методиј“ како и секоја година така и оваа, гордо свечено и достоинствено го прослави својот Патронен празник.
Активностите за прослава на 157 години од постоењето на училиштето се одвиваа во текот на целиот месец Мај.Тие започнаа со посетата на с.Црквино, тамошното подрачно училиште, селската црква и џамија .
Потоа во рамките на отворениот ден, училиштето ги отвори своите врати за сите заинтересирани посетители и организираше „Игри без граници“ за дечињата од ОЈДГУ „Димче Мирчев“.

По повод Патрониот празник, денот на Словенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, нашето училиште распиша литературен конкурс за основните училишта во Р.Македонија на тема: „Македонските народни приказни-аманет и богатство“ и ликовен конкурс за изработка на стрип на тема: „Итроштините на Итар Пејо“. Диплпомите на наградените ученици и нивните ментори им беа доделени на свечената приредба која ја подготвија учениците од нашето училиште.




„Марковденските средби на деца и поети“ во Панонија

Тим од ученици и ментори на чело со директорката на училиштето „Св.Кирил и Методиј“ беа дел од „Марковденските средби на деца и поети“ во Панонија, Р.Србија. На овие меѓународни средби учениците предводени од своите ментори учествуваа во неколку различни натпревари и се здобија со повеќе награди и признанија:
- Прва награда за најдобар драмски текст.                                              
- Специјална награда за музичка точка со кореографија.
- Посебно признание за најбрзо пронаоѓање на скриените предмети во блиската шума во играта „Пронајди го богатството“.