„Засади дрво за мир “

Учениците членови на еко одборот и еко патролите од нашето училиште „Св.Кирил и Методиј“ денес земаа учество во манифестацијата „Засади дрво за мир “ која е во организација на Интернационалната програма „Учење за шумите “ (Learning about Forest) на фондацијата за еколошка едукација и ЕНО програмата, а во нашата земја се спроведува преку програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем” и е дел од светската кампања во која се вклучени повеќе од 5000 училишта од 120 земји од целиот свет.

Мотото на акцијата е: Садење дрва за одржлива иднина, бидејќи садењето дрва ја симболизира надежта и трајноста на животот. Исто така беше прочитана и пораката за мир, обележувајќи ги засадените дрвца како дрвца на мирот. Се надеваме дека нашите ученици ќе растат заедно со овие дрвца во иднината и за иднината. PEACE IS GREEN!




Ден без автомобили

Одбележувајќи го 22 септември - Денот без автомобили, нашето училиште зема активно учество во општинската манифестација “Нашите улици, наш избор“ каде учениците со одговорниот наставник пешачеа на предвидената локација (од Стар мост до Манастирот Св.Димитрија) пренесувајќи порака дека пешачењето обезбедува почиста животна средина, намалена бучава, подобрено здравје и заштеден семеен буџет.


1-ви Септември

Учебната година во нашето училиште започна на 1-ви Септември. Учелишното ѕвонче ги повика учениците да се вратат во своите училишни клупи и да продолжат со своето школување. За оние на кои им беше првиот училишен час, односно за нашите најмали и најмили првачиња, учениците од повисоките одделенија подготвија свечена приредба и на тој начин топло ги пречекаа своите нови другарчиња. Нека ни е со среќа новата учебна година. На сите ученици им посакуваме пред се здравје, а секако и успех во учењето, многу нови натпревари  и освоени награди.

Ученици нека Ви е со среќа!