Планинарска тура во с.Папрадиште

Училишниот планинарскиот клуб - КИМ под раководство на одговорните наставници  Љубиша Стојков и Снежана Каракачанова заедно со 22 ученици, ја реализираше планинарската тура со едно ноќевање во планинарскиот дом во село Папрадиште. Со оваа планинарска тура учениците се запознаа со природните убавини на планинскиот предел во околината на с.Папрадиште, научија како треба да се движат во планина и да ги препознават и следат маркираните стебла.








47 Детски Рацинови средби

Во рамките на „47 Детски Рацинови средби“ нашето училиште учествуваше во повеќе активности. 
Наши ученици со свечено поетско читање пред споменикот на Рацин во центарот на градот го најавија почетокот на „47 Детски Рацинови средби“, а делегација од училиштето на чело со директорката, положи свежо цвеќе.



На свеченото отварање на „47 Детски Рацинови средби“ беа доделени наградите на учениците од ликовниот и литературниот конкурс. Нашиот ученик Иво Мирчев, под менторство на наставникот Илко Стојановски, доби прва награда на ликовниот конкурс на тема „Рацин“. Воедно нашето училиште за својата успешна работа, беше наградено од страна на Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев со комплет лектирни изданија за збогатување на училишната библиотека.



Како дел од „Поетскиот караван“ на „47 Детски Рацинови средби“ нашето училиште беше посетено од поетот за деца Стојан Тарапуза. Од страна на учениците од нашето училиште, под менторство на наставничката по музичко образование, Анѓа Брашнарска и наставничката по македонски јазик, Менче Андреева, беше подготвена пригодна прогрома со која го дочекавме нашиот омилен поет. Учениците беа пресреќни што го запознаа поетот кој ги напишал нивните омилени песнички, а тој уживаше во дружењето со нив, им рецитираше свои песни и со задоволство одговараше на нивните прашања.