Симулација на пожар

Според годишната програма за работа на училиштето и програмата за заштита и спасување од елементарни непогоди, во ООУ„Св.Кирил и Методиј“ се одржа предавање за вработените од страна на стручни лица од противпожарната станица во Велес и симулација на гаснење пожар. Потоа се направи тревога за учениците и вработените, на која сите вработени ги применија стекнатите знаења од предавањето.




Дружење со ОУЈДГ„Димче Мирчев“

ООУ„Св.Кирил и Методиј“ објави ликовен конкурс на тема „Пролетта пристигна“ на кој учествуваа нашите ученици од прво одделение и дечињата од голема група од ОУЈДГ„Димче Мирчев“. По тој повод беше организирана приредба на која на наградените ученици и дечиња им беа доделени заслужените награди и дипломи. На крајот сите присутни се засладија со слатки од француската кујна.