48 Детски Рацинови средби

По повод 48 Детски Рацинови средби нашето училиште беше посетено од писателот за деца Науме Попески. Учениците со помош на нивните наставнички по македонски јазик, Менче Андреева, Маја Јовановска и Мирјана Гулева, како и наставничката по музичко образование Анѓа Брашнарска, подготвија скромна, пригодна програма со која го пречекаа ценетиот гостин. Науме Попески, беше воодушевен од архитектурата на ООУ„Св.Кирил и Методиј“ како и од топлината и гостопримливоста која ја затекна овде. Учениците пак беа задоволни од обраќањето на писателот и својата љубопитност ја задоволија поставувајќи му повеќе прашање за неговиот живот и дело. Средбата се заврши со ветување за повторна средба која ќе биде на задоволство на сите.






„Велес, велешани и нивното творештво низ вековите"

Свечено отварање на Проектот на Одделенска настава - „Велес, велешани и нивното творештво низ вековите". По повод 9 Ноември во ООУ„Св. Кирил и Методиј" - Велес, учениците и наставниците започнаа со реализација на овој проект, преку изложба на стари изработки кои го карактеризираат нашиот град. Проектот ќе се реализира преку разни активности во текот на целата учебна година, а на крај ќе бидат реализирани работилници на кои учениците ќе Ви покажат што научиле и практично ќе ги применат стекнатите знаења, умеења и вештини.







„Животниот циклус и условите за живот на пастрмката“

Во рамките на проектот од областа на природните науки „Животниот циклус и условите за живот на пастрмката“ се реализираше истражување во рибникот Нежилово. Учениците имаа можност да се запознаат со градбата на пастрмката, начинот на размножување (набљудуваа вештачки мрест и инкубација) и се соочија дирекно со природата и ги истражуваа условите за живот во неа.
Учениците земаа примероци од водата и следниот ден ги испитаа во хемиско-микробиолошката лабораторија во хидросистемот Лисиче. Таму видоа како се прават подлоги за микробиолошко засејување на бактерии, а во микробиолошката лабораторија имаа можност да ги видат сите апарати кои се потребни за сите испитувања. Во хемискатата лабораторија испитаа pH и провидност на водата, присуство на нитрати, нитрити, кислород и железо во водата.

Голема благодарност до сите вработени во рибникот Нежилово и хидросистемот Лисиче за прекрасната соработка и гостопримливост од нивна страна.  








Еко паралелка

Паралелката III-б беше на еднодневна екскурзија добиена како награда за најдобра еко паралелка во собирање на ПЕП амбалажа за учебната 2014/15 год. Се посети локалитетот Марков манастир и неговата околина како и трговскиот центар "Џамбо". На учениците им беше големо задоволство што овој успех го споделија и со нашата Директорка Анита Мирчева, координаторот на Еко проектот Ирена Андреева, како и дел од нивните родители.



Футсал - наставници против родители

Во спортската сала на нашето училиште се одржа пријателски натпревар во футсал помеѓу наши родители и наставници.На турнирот судии беа наши ученици, со помош на фудбалската легенда Панче Ќумбев.Ова беше една прекрасна забава и дружење.