По трет пат Зелено знаме

Нашето училиште е единствено училиште во градот кое по трет пат го доби Зеленото знаме - највисока награда од областа на екологијата во образовните институции. Честитки до сите ученици, наставници и родители, членови на еко патроли и еко одборот.

Да продолжиме и понатаму со негување на еколошките навики, да ја штедиме енергијата и водата, да се грижиме за хигиената во училиштето и да потврдиме зошто сме еко-училиште за пример во нашиот град!


„Еко пакет“

Директорот Анита Мирчева и координаторот на проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ Ирена Андреева, присуствуваа на Отворен ден за проектот „Еко пакет“ кој втора година по ред ќе се реализира во нашето училиште, а потоа се одржаа едукативни работилници со учениците.