Литературни конкурси

Учениците од „Св. Кирил и Методиј“ беа наградени на неколку литературни конкурси во периодот септември - октомври. На наградените ученици им посакуваме така да продолжат и во иднина.
На конкурсот организиран од Првата детска амбасада-Меѓаши и СОУ„ Гимназија Кочо Рацин“ на тема: „Мирот е се`што ни треба“ ученичката Ивана Мирчевска од VIIIб ја освои третата награда под менторство на наставничката Даниела Митровска.
По повод 11 Октомври - Денот на народното востание на македонскиот народ, Општинската организација на Сојузот на борците Велес распиша литературен конкурс на тема „Татковино во срце те носам”. На овој конкурс под менторство на наставничката Маја Јовановска наградени беа ученикот Иво Мирчев од IXв - трета награда за поетска творба и ученикот Михаил Павлов IXв - трета награда за прозна творба.
На Меѓународниот литературен конкурс во Битола на тема: „Да го обоиме светот во боите на љубовта“ награден со трета награда беше ученикот Ѓорѓи Бошевски од VIIIа под менторство на наставничката Маја Јовановска.

Посета на Народна банка на Република Македонија

Ученици од нашето училиште на 27. 10. 2016 заедно со одговорните наставници организирано ја посетија Народната банка на Република Македонија. Таму имаа можност да се запознаат со целите и задачите на НБРМ. Посебен впечаток на нашите ученици им оставија Музејот и Ковачницата, како и предавањето за поцетоците на НБРМ и монетарната самостојност.






Макинова 2016

Од 18 до 22 октомври 2016г. нашето училиште имаше свои преставници на изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки, младинско истражувачко креативно творештво - МАКИНОВА 2016. Нашите преставници ученикот Иво Мирчев и наставничката Родне Петрушева се преставија со идеја за мобилна апликација „Здрав начин на живеење“ за која изработија алгоритам кој успешно беше презентиран пред комисијата и останатите присутни, а потоа се вршеше демонстрација на апликацијата.




Млади библиотекари

На 21. 10. 2016 година во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одржа Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ на кој учествуваа нашите ученички Марина Стојанова и Марија Коцевска заедно со нивниот ментор наставничката Даниела Митровска. Ученичката Марина Стојанова го освои второто место, а ученичката Марија Коцевска беше пофалена.



Хуманитарна акција

По повод Детската недела на 6.10.2016 година ООУ „Св.Кирил и Методиј“ организираше хуманитарен штанд за собирање училиштен прибор. Акцијата беше успешна, учениците беа многу хумани и донираа голема количина прибор. Собраниот прибор ќе биде поделен на ученици на кои им е навистина потребен.




Детска недела

По повод неделата на детето во нашето училиште се одржаа голем број активности во кои заедно учествуваа учениците, наставниците и родителите. Првиот ден (3.10.2016) беа прочитани правата на децата од Конвенцијата за правата на детето и обврските кои децата ги имаат како ученици. 
Следниот ден (4.10.2016) нашите првачиња цртаа во училишниот двор на тема „И децата се прашуваат“.
На 5.10.2016 - Светскиот ден на учителите како дел од активностите по повод Детската недела училиштето „Св.Кирил и Методиј“ организираше Спортски натпревар на традиционални спортски дисциплини на кој учествуваа наставници и родители.









Предавање за Шпанската граѓанска војна и Ганчо Хаџи-Панзов

Ученици од IX одд. од нашето училиште заедно со одговорниот наставник по историја Гроздан В`чков на 19.9.2016 (понеделник) присуствуваа на предавање организирано од Општина Велес. Предавањето беше организирано по повод одбележување на 80 години од Шпанската граѓанска војна и од загинувањето на Ганчо Хаџи Панзов, македонски револуционер и поет.


Европска недела на мобилност

Нашите ученици беа дел од годинешната најголема европска кампања посветена на одржливата мобилност во урбаните средини. На 22.9.2016 година по повод Светскиот ден без автомобили тие заедно со одговорниот наставник Љубиша Стојков возеа велосипеди на улицата „Димко Најдов“. На тој начин покажаа дека велосипедот ни помага да ја зачуваме нашата животна средина и да го намалиме загадувањето.


Првиот училишен ден

Првиот чекор нека не однесе до целта.
Како и секоја година така и оваа првиот ден во месец септември го означи почетокот на учебната година. Училишното ѕвонче оваа година во нашето училиште за првпат ги повика најмалите членови на нашето големо семејство-нашите првачиња. Останатите ученици подготвија свечена приредба и им посакаа едно топло добредојде на новите другарчиња. На сите ученици и наставници им посакуваме ова да им биде незаборавна учебна година преполна со успеси и награди, со добро здравје и еден куп нови достигнувања и пријателства.
Да чекориме само напред!

СРЕЌЕН ПОЧЕТОК!