Мала спортска олимпијада

Федерацијата за пеливанско борење на Македонија организираше „Мала спортска олимпијада“ на која учествуваа ученици од нашето училиште „Св. Кирил и Методиј“. Во категоријата: фрлање камен награден беше ученикот Нацев Ненад, а во категоријата: влечење јаже наградена беше женската екипа од нашето училиште. Благодарница за посебен придонес и реализација на оваа олимпијада добија наставниците по физичко и здравствено образование Снежана Каракачанова и Љубиша Стојков. 


Втора награда на Детските Рацинови средби

Како дел од 49-тите Детски Рацинови средби оваа година беше организиран ликовен конкурс на тема:„Мојата татковина“. Нашите ученици подготвија навистина прекрасни цртежи кои беа дел од изложбата во куќата на Кочо Рацин. Ученик Михаил Павлов под менторство на наставникот по ликовно образование Илчо Стојанов ја доби втората награда. Му посакуваме успех и понатаму.




49-ти Детски Рацинови средби

Во рамките на поетскиот караван кој беше дел од Детските Рацинови средби учениците од нашето училиште имаа прекрасна можност да се сретнат и да се дружат со нашите драги гости писателите Стојан Тарапуза и Горјан Петревски. Учениците добро се подготвија и пред гостите изведоа свечена приредба. Прво започнаа со две музички точки, а потоа следеше драматизација чиј текст беше инспириран од животот на писателот Горјан Петревски. На крај писателите воодушевени од нашите ученици им се заблагодарија и им презентираа дел од своето творштво. Програмата ја подготвија учениците: Бојан Димовски, Иво Мирчев, Зоран Нацев, Михаил Павлов, Ѓорѓи Бошевски, Ева Стојанова, Сара Андреева, Петар Костов и Андреј Андреев заедно со одговорните наставници по македонски јазик и наставникот по музичко образование. Како дел од поетскиот караван во училиштето се одржа ликовна работилница на тема „Од доблестите на ликовите од лектирите учиме за животот“ во која учествуваа учениците од до одд. организирани од нивните наставниците и психологот. Цртежите кои ги подготвија нашите ученици дополнително го разубавија поетскиот караван.





Дабар 2016

Здружението на информатичарите на Македонија и годинава се придружи кон напорите за промовирање на информатиката и алгоритамското размислување на учениците од основно и средно образование и по втор пат го организираше интернационалниот натпревар ДАБАР кој се одржува во преку 50 држави низ светот.
И оваа учебна година нашето училиште зема учество во овој натпревар. Под менторсто на наставничката по информатика Родне Петрушева, со Уверение за учество на интернационалниот натпревар Дабар 2016 се стекнаа следниве ученици: Зоран Нацев, Иво Мирчев, Лука Трајковски, Петар Петровски, Ангела Петрушева и Лиле Петрова.

Второ место на фотоконкурсот „Екофотографија“

Македонското еколошко друштво го организираше Петтиот конгрес на еколозите со меѓународно учество. Во рамките на Конгресот МЕД ги повика учениците од основните училишта да учествуват на фотоконкурсот на тема: Екофотографија. Под менторство на наставничката по биологија Павлина Карова учествуваше и нашиот ученик Михаил Павлов и го освои второто место. Со оваа награда Михаил Павлов се здоби и со признание „Млад еколог“. Му посакуваме успех и понатаму.

Противпожарен квиз

Со добра едукација и почитување на правилата, со внимателно ракување со материјалите што предизвикуваат пожар сите ние го чуваме пред се, својот живот, но и животите и имотот на нашите најблиски, ја чуваме природата и убавината на нашиот дом, училиште и општина.
Токму тоа го покажаа и нашите учесници на годинашниов традиционален Противпожарен квиз-натпревар кои го освоија третото место. Станува збор за учениците: Павлов Михаил, Нацев Зоран и Џунџев Кире од IXв одд. Под менторство на наставничката по физика Јелисавета Мишева.

Копаничарска работилница

На ден 10.11.2016год во ООУ „Св. Кирил и Методиј" - Велес се отвори копаничарска работилница во чија подготовката активно учество земаа голем број на креaтивни ученици, а ќе ги споменеме Михaил Пaвлoв, Кире Џунџев, Ивo Мирчев, Зoки Нaцев и Алексaндaр Кoстaдинoв. Ученици и наставниците придoнесoa зa oтвaрaњетo нa oвa креaтивнo кaтче преку својата неуморна работа. Отвaрањето на оваа копаничарска работилница за ученици претставува навистина интересна активност и ние сме гoрди штo нaшетo училиште гo oтвoри првoтo креaтивнo кoпaничaрскo кaтче.Ова беше реaлизирaнa идејa нa нaшиoт нaстaвник пo ликoвнo oбрaзoвaние и нaшaтa директoркa. Работилницата е креативно местo во нaшетo училиште, каде што секој ученик може да се стекне со вештини од областа на копаничарството како и резбање на дрво, моделирање на истото и слично. При отворањето, најпрво беше прикажана презентација изработена од дел од учениците, со која тие ги искажаа своите идеи и целите на оваа копаничарска работилница. Потоа учениците имаа можност да ги покажат своите вештини преку изработување на разни модели од дрво. Се надеваме дека со отворањето на оваа копаничарска работилница ќе успееме да го задржиме копаничарството како уметност, а воедно и учениците ќе имаат можност да се здобијат со нови вештини од областа на уметноста.







Ликовен конкурс „Алкохолот и неговите разорни дејства“

На 8.11.2016год. беа доделени наградите од конкурсот на тема: „Алкохолот и неговите разорни дејства“. Конкурсот го организираше Локалниот Совет за превенција од детско престапништво, а учествуваа учениците од сите основни и средни училишта во градот. Дипломи за најдобрите се доделија во три категории: најдобар стрип, најдобар плакат и најдобар цртеж. Од нашето училиште беа наградени во категоријата стрип ученичката Маиде Фејзо од VIII одд. под менторство на наставникот Илчо Стојановски и во категоријата цртеж ученикот Ане Најдовски од одд. под менторство на наставничката Вилма Дервишова.



Математика без граници

На 17.10.2016 год. во просториите на нашето училиште се одржа првиот (есенскиот) круг од натпреварот „Математика без граници“ во соработка со училиште од Стара Загора, Република Бугарија. На овој натпревар учествуваат земји од пет континенти. Под менторство на наставниците по математика: Вера Цветкова, Мелита Неделчева и Трајче Максимов нашите ученици ги постигнаа следните резултати:
VI одделение: Марија Кочова, Мила Стојаноова, Јован Панов - златен медал; Ивана Апостолова - сребрен медал; Јованче Тончов - бронзен медал.
VII одделение: Андреј Андреев, Христијан Гајдов - златен медал; Христијан Илиев, Клементина Георгиева, Моника Брашнарова, Марија Коцевска, Стефан Николов, Викторија Ана Зимек, Јани Штерјов - бронзен медал; Бојана Настова, Кадир Ајдарпашиќ, Теа Спировска, Виктор Гаџов, Ана Дончова - сертификати.
VIII одделение: Бојан Димовски, Ева Стојанова, Сара Андреева, Стефан         Атанасовски, Кристијан Димов и Теа Цветкова - златен медал.
IX одделение: Иво Мирчев - златен медал; Зоран Нацев - сребрен медал.
Честитки за сите ученици, им посакуваме успех и во наредните кругови и влез во финалето.



Нов парен котел во нашето училиште

Целосно е надминат проблемот со стариот котел за затоплување во нашето училиште „Свети Кирил и Методиј“. На 2 ноември беше пуштен во употреба новиот парен котел, кој се набави со средства од Буџетот на Општината. Новиот парен котел работи на нафта. Има моќност од 580 киловати. Тоа е многу повеќе од стариот кој имаше 407. На овој начин нашите ученици секогаш ќе престојуваат во добро затоплени простории.



Меморандуми за соработка

Колку повеќе пријатели имаме, толку сме побогати. На 4 ноември 2016 нашето училиште потпиша меморандуми за соработка со ОУ„Вук Караџиќ“ од Кралево, ОУ„Бранко Ќопиќ“ од Белград и Средното-економско угостителско училиште од Никшиќ. Посакуваме успешна соработка која ќе ни донесе многу средби, нови искуства и многу заеднички успеси. Честитки и нека ни се множат пријателите.