Награди за литературни творби на англиски, француски и македонски јазик

По повод Патрониот празник на ООУ„Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ беше распишан ликовен и литратурен конкурс на македонски, англиски и француски јазик на тема „ Добрината го омекнува и најтврдото срце“. Од нашето училиште наградени беа следниве ученици: 
Во категорија на англиски јазик прво место освоија Иво Мирчев од IXодд. и Ангела Петрушева од Vодд. , а второ место во истата категорија Андреј Андреев VIIодд. 
Во категоријата на македонски јазик трето место освои Јосмов Сандра од Vодд. 
Сите останати ученици кои учествуваа на конкурсот беа наградени со благодарници. Тоа треба да ги поттикне да продолжат со творењето во иднина. На сите им посакуваме уште многу успеси. Честитки за наградените!




Општински натпревар по математика

На 25.2.2017година во ООУ„Васил Главинов" се одржа општинскиот натпревар по математика. Наградени беа нашите ученици: Матеј Стојанов од Vодд. oсвои прва награда, Леон Ристов од IVодд. освои пофалница, Марија Кочова од VIодд. освои трета награда, Бојан Димовски од VIII освои прва награда, Христијан Гајдов одVII освои трета награда, Меланија Стојанова од VIII освои пофалница.

Честитки на сите учесници и им посакуваме успех на регионалниот натпревар. 




Меѓународен натпревар „Игри без граници“ - втор круг

На 6 февруари во нашето училиште се одржа вториот круг од натпреварот „Математика без граници" организиран во соработка со Р.Бугарија. Нашите ученици ги постигнаа следните резултати: 
златен медал - Марија Кочова, Христијан Гајдов, Андреј Андреев, Бојан Димовски, Ева Стојанова и Иво Мирчев
сребрен медал - Клементина Ѓеорѓиева, Виктор Гаџов, Стефан Атанасовски и Зоран Нацев
бронзен медал - Кадир Ајдарпашиќ  
Учениците Мила Стојанова, Ивана Апостолова, Јорданче Панов, Јорданче Тончов,Теа Цветкова,Сара Андреева и Кристијан Димов добија сертификати. 
Честитки за постигнатите резултати и успех во третиот круг.

Официјално доделена наградата од Македонското еколошко друштво

Неодамна ве информиравме дека Македонското еколошко друштво го организираше Петтиот конгрес на еколозите со меѓународно учество. На фотоконкурсот на тема: Екофотографија под менторство на наставничката по биологија Павлина Карова учествуваше и нашиот ученик Михаил Павлов и го освои второто место. Деновиве наградата му ја додели претставник на МЕД со што Михаил Павлов се здоби и со признание „Млад еколог“. Честитки!