Литературен и ликовен конкурс

По повод денот на училиштето „Рајко Жинзифов“ од Оризари беше објавен ликовен и литературен конкурс на тема:„Никаде сонцето нема сјај како над родниот крај“. 
Од нашето училиште наградени беа за ликовниот конкурс: Сашка Манаскова од VБ под менторство на наставничката Мирјана Стојанова и ученичката Маја Ончева од IIIВ под менторство на наставничката Снежана Бошевска. 
На литературниот конкурс наградени беа: ученчката Магдалена Бобевска од VВ под менторство на наставничката Костадинка Мечевска Стојановска и ученичката Георгина Ѓошева под менторство на наставничката Мирјана Гулевска. 

Им посакуваме успех и понатаму.

Општинска лига во кошарка

Деновиве се одржа Општинската лига во кошарка - машка категорија. Ученици од нашето училиште под менторство на наставниците Снежана Каракачанова и Љубиша Стојков учествуваа на натпреварите. Нашите ученици покажаа енергија, спортски дух и кондиција за кои треба да им се честита. Како резултат на нивната работа го освоија четвртото место. Им посакуваме успех и понатаму.