Награди за литературен и ликовен конкурс

На литературниот и ликовниот конкурс, распишан по повод Денот на училиштето на ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“, на тема: „Никогаш не престанувајте да сонувате“, учествуваа ученици од нашето училиште. Во категоријата творење творба на македонски јазик, освоија награди ученичките: Ива Петровска, под менторство на наставникот Марјанчо Филипов и Лиле Петрова, под менторство на наставничката Мирјана Гулевска. Ученичката Марија Бошевска, под менторство на наставничката Марија Арсовска, се стекна со награда за творење творба на англиски јазик. Ученичките Лиле Петрова и Снежана Петровска, под менторство на наставникот Илчо Стојановски, добрија награди за ликовниот конкурс.
Честитки за сите учесници и им посакуваме уште многу успеси!