Светските денови на акција 2017

Во периодот од 6.11.2017 до 11.11.2017 год ООУ „Св.Кирил и Методиј“ - Велес со неколку активности се вклучи во одбележувањето на Светските денови на акција 2017 на еко-училишта и градинки.
Програмата еко-училиште е интернационална програма на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) која се спроведува во 57 земји од целиот свет.
Во Република Македонија, Здружението на граѓани ОХО е национален координатор на програмата и истата, во соработка со МОН, се спроведува како дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. ФЕЕ, по шести пат, ги организира Светските денови на акција на меѓународно ниво за сите училишта и градинки кои ја спроведуваат оваа програма.
Учениците од нашето училиште во рамките на овие Светски денови на акција ги имаа следните активности:
собирна акција на стара хартија и пластични шишиња. Учениците секој ден во определено време ја носеа хартијата и шишињата на собирниот пункт во училиштето.Се организираше собирна акција на електричен отпад и стари батерии.Учениците од одделенска настава засадуваа цвеќиња во училишниот двор и изработуваа еко беџови, цртежи и хамери со еко пораки за заштита на животната средина.Учениците од 6-9 одд го уредуваа училишниот двор и ходниците во училиштето.

 






Еко самит 2017

Во склоп на програмата "Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем" на 10.11.2017год. беше одржан традиционалниот Еко самит 2017 на кој присуствуваа 50 еко училишта со статус на зелено знаме. Нашето училиште присуствуваше на овој самит во кој се одржа и промотивен ден за проектот Еко Пакет Македонија.




Презентација на извидничкото движење

На 1.11.2017 год. (среда) во просториите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се одржа презентација  пред учениците од ООУ “Св.Кирил и Методиј“ за работата на извидничкото движење во Велес, Македонија и светот. Оваа презентација беше во рамките на проектот “Кординирано движење во природа и логорување“  кои го реализираат учениците од од ООУ “Св Кирил и Методиј“. Пред учениците на ООУ “Св.Кирил и Методиј“  извидниците на велешкиот одред Влатко Влахчев, Трајче Темелковски, Благојче Ѓорѓиев и Мартин Голчев извршија презентација во следните области:
– извидничката програма “Комапас“
– ориентација и топографија во природа
– Бусола М-53
– редовни програмски активности на одредот
– извидничка лига на СИМ
– Смотра на извидници на СИМ 2018
– историја на извидништвото во Велес и Светот
– игри за запознавање
На презентацијата учество земаа 25 ученици од ООУ “Св.Кирил и Методиј“ заедно со наставниците по физичко и здраствено образование Снежана Каракачанова и Љубиша Стојков. Презентацијата на извидничкото движење пред учениците ќе продолжи со практична работа на терен и тоа во делот на шаторизација, чворологија и сигнализација.



Еко патроли

Активност на еко паролите во нашето училиште за рационално користење на водата




Одбележани јубилејните 50. Детски Рацинови средби

Во чест на основоположникот на македонската современа поезија - Коста Солев Рацин, традиционално и годинава во нашиот град се одржаа 50. Детски Рацинови средби.
Своите умеења и вештини за творење, учениците ги покажаа учествувајќи на литературниот и ликовниот награден конкурс на тема: Мојот град - моја инспирација. Ученичката Сара Андреева IXв одд.  се стекна со пофалница за литературниот конкурс, под менторство на наставничката Маја Јовановска, а ученичката Јана Крајчева VIIа одд. освои трета награда за ликовниот конкурс, под менторство на наставникот Илчо Стојановски.
Учениците од нашето училиште имаа свој настап пред споменикот на Кочо Рацин во центарот на градот, интерпретирајќи стихови од неговата поезија. Дел од Рациновата песна Печал, ученичката Марија Коцевска изрецитира и пред камерманите на РТС, Белград, кои снимаа репортажа за Велес.
Своите знаења за животот и дејноста на овој велешки поет, учениците ги збогатија, посетувајќи ја Спомен-куќата на Рацин, во која се наоѓаат негови оригинални ракописи и голем број други спомени за неговиот живот и дело.
Како составен дел од оваа традиционална манифестација, во нашето училиште се одржа популарниот Поетски караван.
Гости на караванот ни беа - нашата сограѓанка, поетесата Лили Арсова и младиот поет Филип Димкоски, кои со задоволство ја проследија подготвената програма од учениците.
Во една прекрасна и соодветна атфмосфера, своите интереси за убавиот збор, учениците ги преточија во прашања упатени до поетите, кои со своите рецитирања и искажувања ни го приближија нивното творештво.
Дел од учениците присуствуваа и на промоцијата на романот Другата Марта од писателот Горјан Петревски, чиј промотор беше критичарот Васил Тоциновски.


Нека се честити Детските Рацинови средби и да ги славиме уште многу години!








Награди за литературен конкурс

По повод Денот на училиштето Рајко Жинзифов од Оризари беше објавен литературен конкурс на тема: Културата и традицијата - дар од нашите предци. Со награда за најдобра песна се стекнаа ученичките: Георгина Ѓошева VIIа одд. под менторство на наставничката Мирјана Пановска и Сара Андреева IXв одд. под менторство на наставничката Маја Јовановска.

Честитки и желби за уште многу награди!