Државен натпревар по Информатика


Ученици од нашето училиште секоја година земаат учество и освојуваат награди на натпреварите по информатика кои ги организира Здружението на информатичарите на Македонија. Така и оваа година на XII Државен натпревар по Информатика, кој се одржа на 24.3.2018 година на ФИНКИ, нашиот ученик Матеј Стојанов од VI-б одделение под менторство на неговиот наставник по информатика Родне Петрушева, освои трета награда.
Честитки!



Регионален натпревар по хемија


Нашите ученици континуирано покажуваат интерес и учествуваат на разни натпревари по предмети од природните науки. На ден 24.3.2018 год. во просториите на ССОУ„Димитрија ЧуповскиВелес, се одржа регионален натпревар по хемија на кој учениците ги постигнаа следните резултати: 
Марија Коцевска
- 3 награда и Ева Стојанова - пофалница.
Честитки за ученици
те и нивниот ментор, наставничката по хемија, Емилија Темелковска!

Општински натпревар по англиски јазик


На ден 24.3.2018 година, во просториите на ССОУ Коле НеделковскиВелес, се одржа општинскиот натпревар по англиски јазик, на кој учествуваа и нашите ученици. На овој натпревар тие ги постигнаа следниве резултати:
прво место - Марија Кочова, под менторство на наставничката Ирена Андреева, второ место - Бојан Димов и Ања Саздова, под менторство на наставничката Павлина Харалампиева и второ место - Викторија Панзова, под менторство на наставничката Марија Арсовска.
Честитки за учениците и нивните ментори и многу успеси понатаму!





Литературен конкурс „Крводарител ќе бидам”


Учениците од нашето училиште континуирано учествуваат на разни литературни конкурси и освојуваат голем број награди. На литературниот конкурс на тема „Крводарител ќе бидам”, распишан од Црвен крст на Р. Македонија, Општинска организација Велес и Клуб на писатели Коста Солев РацинВелес, по повод Недела на крводарителство, ученичката Анастасија Ѓошева од VI в одделение, под менторство на наставничката Маја Јовановска, се закити со трета награда, која и беше доделена на Свечена академија. 
Честитки за наградата!








Крводарителска акција


Хуманоста како доблест е се повеќе присутна во нашето училиште. По повод неделата на крводарителството, уште еднаш се покажа свеста на нашите наставници и родители за дарување на крв. Акцијата се одржа на ден 14.3.2018 година, во просториите на нашето училиште и истата се покажа како многу успешна, бидејќи беа собрани голем број на крвни единици кои понатаму ќе спасат нечиј драгоцен живот. Честитки за сите оние крводарители што даруваа од нивната скапоцена течност!








65 години ИО „Димитар Влахов” Велес


По повод 65 години ИО „Димитар ВлаховВелес, училишниот хор учествуваше на Свечена академија, под раководство на наставникот по музичко образование Далибор Ацевски. На истата академија беа наградени учениците Анастасија Ѓошева (второ место) и Филип Збутаков (трето место) од VI в одделение, под менторство на наставникот Васил Гаврилов, кои учествуваа на ликовниот конкурс „Извидникот и природатакој беше распишан од страна на извидничкиот одред. Честитки за наградите!






ЕКО акција „Ден за Велес”


На ден 10.3.2018 година, во просториите на нашето училиште, училишниот двор и блиската околина се изведе ЕКО акција „Ден за Велесво организација на Општина Велес. Мотото на акцијата беше „Не валкај-разубавии во неа беа вклучени нашите ученици и наставници. Акцијата беше доста успешна, се исчисти целиот отпад, а се  покажа и еколошката свест за зачувување на чиста и здрава средина. 







Општински натпревар по природни науки и биологија


На ден 3.3.2018 година, во просториите на нашето училиште, се одржа општински натпревар по природни науки на кој учествуваа ученици oд четврто, петто и шесто одделение и општинскиот натпревар по биологија на кој учествуваа ученици од седмо, осмо и деветто одделение. Учениците ги постигнаа следниве резултати:

Натпревар по природни науки
- четврто одделение: Катерина Мицева и Никола Стојановски - трета награда (ментор Снежана Бошевска), Марко Ѓуровски - пофалница (ментор Снежана Стојановиќ) и Матеја Андреева - пофалница (ментор Снежана Бошевска);
- петто одделение: Христијан Арсов, Елена Атанасова и Теона Гаврилова - трета награда (ментор Емилија Темелковска), Благој Петровски и Јосиф Бочваров - пофалница (ментор Јелисавета Мишева) и Бојан Стојанов - пофалница (ментор Емилија Темелковска);
- шесто одделение: Матеј Стојанов - прва награда (ментор Емилија Темелковска), Тодор Недев, Филип Збутаков и Бојан Стојанов - втора награда (ментор Емилија Темелковска), Наталија Петровска, Сандра Јосмов и Марија Игнова - втора награда (ментор Павлина Карова).

Натпревар по биологија
- седмо одделение: Мила Стојанова, Јана Крајчева, Георгина Ѓошева, Мартина Смилева - прва награда, Кристијан Мартулков и Бојана Воденичарова - втора награда;
- осмо одделение: Јани Штерјов, Стефан Николов и Марија Коцевска - прва награда, Вероника Ристова - втора награда;
- деветто одделение: Ева Стојанова, Валентина Трајкова и Мартина Масларова - прва награда, Милена Бабунска - втора награда.

Честитки за учениците и за менторот, наставничката по биологија, Павлина Карова! Сите ученици продолжуваат на регионален натпревар!

Училишен натпревар по информатика - информатичко размислување


На ден 2.3.2018 год. во просториите на нашето училиште се одржа училишен натпревар по информатика - информатичко размислување, на кој учество земаа ученици од VI и VII одделение и ги постигнаа следните резултати:

VI одделение:
Матеј Стојанов - прво место,
Магдалена Бобевска - второ место,
Ангела Петрушева - второ место,
Михаела Смилева - второ место,
Наталија Петровска - второ место,
Борис Павлов - трето место,
Стефани Ќурчиева - трето место.

Пофалени беа учениците: Ане Најдовски, Анастасија Ѓошева, Марија Игнова и Сандра Јосмов.

VII одделение:
Лиле Петрова - прво место,
Јована Масинова - второ место,
Илија Амбарков - трето место.

Пофалени беа ученичките: Марија Кочова и Мила Левкова.

Честитки за сите ученици!
Голем успех на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 11.3.2018 во просториите на ФИНКИ, а ќе учествуваат Матеј Стојанов и Лиле Петрова под менторство на нивниот наставник по информатика Родне Петрушева.