Хуманитарна претстава „Октопод”


На ден 28.5.2018 во салата „Бели мугриВелес, нашите ученици ја одиграа хуманитарната претстава „Октоподинспирирана од драмите на македонскиот писател Васи Иљоски. Сите средства кои беа собрани се наменети за лекување на болно дете од с.Богомила. Учениците ја покажаа нивната креативност и желбата за драмската уметност.
Честитки за хуманоста и нивните актерски способности!





Државен натпревар по биологија


По успешното претставување на регионалниот натпревар по биологија, учениците на ден 20.5.2018 година, учествуваа на државниот натпревар и ги постигнаа следниве резултати:
Ева Стојанова - прва награда,
Марија Коцевска - втора награда,
Стефан Николов - трета награда и
Јани Штерјов - трета награда.
Честитки за учениците и нивниот ментор Павлина Карова.

Литературен и ликовен конкурс


Наставниците по македонски, англиски и француски јазик, како и наставникот по ликовно образование, распишаа литературен и ликовен конкурс на тема: „Долго, топло летово кој ќе беа вклучени сите основни училишта од Велес и велешко. По разгледувањето на творбите, кои беа во голем број, на свечена програма беа доделени дипломите за најуспешните творби. Со оваа активност се заокружија активностите по повод празнувањето на Денот на училиштето.





Театарска претстава „Долго, топло лето”


Во рамките на активностите по повод Денот на училиштето, традиционално, секоја учебна година, учениците од драмскиот клуб, своите активности ги заокружуваат со театарска претстава. Оваа година, своите драмски квалитети ги покажаа преку театарската претстава „Долго, топло летои кај публиката предизвикаа воодушевување и голем аплауз!
Браво за нашите глумци, режисерот Анита Мирчева и одговорните наставници Далибор Ацевски и Маја Јовановска!






Ракометен турнир


На 19.5.2018 година, во спортската сала, во нашето училиште се одигра ракометен турнир кој традиционално секоја година се одржува како дел од активностите по повод Патрониот празник на училиштето.




Државен натпревар по англиски јазик


По одржаниот регионален натпревар по англиски јазик, на ден 12.5.2018 година, во училиштето Нова, во Скопје, беше одржан државниот натпревар по англиски јазик, на кој повторно учениците се претставија во вистинско светло. Ученикот Бојан Димовски од IX одд. го освои третото место, а останатите ученици Викторија Панзова, Ања Саздова и Марија Кочова, успешно се претставија на натпреварот.
Честитки за учениците и нивните ментори!






Работилници во ООУ„Петре Поп Арсов”


Учениците од ООУ„Св.Кирил и Методиј" Велес, на 11.5.2018 година учествуваа во работилници организирани од ООУ„Петре Поп Арсов" Богомила, по повод Патрониот празник на училиштето „Петре Поп Арсов". На овие работилници, учениците твореа во литературната и ликовната работилница на тема Имам желба, следеа многу експерименти од областа на математиката, информатиката, хемијата, биологијата, физиката и се стекнаа со многу нови знаења и нови другарства!






Ден на Европа


По повод 9 мај - Денот на Европа, во Младински парк, нашите ученици од осмо и деветто одделение, заедно со одговорните наставници по географија, Оливера Панова и по француски јазик, Марија Мешкова, успешно ја претставија Франција како држава, со сите нејзини обичаи, храна, знаменитости, најспецифични карактеристики.
Браво за вложениот труд на учениците и одговорните наставници!




Активности по повод Денот на училиштето


Во месец мај, во нашето училиште се реализираат голем дел на активности со кои се празнува Патрониот празник - Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј. Оваа учебна година, активностите започнаа со „Игри без границиво кои учествуваа учениците од одделенска настава, заедно со Детската градинка „Димче Мирчев”. Освен спортските игри, децата имаа можност во ликовното катче да ја изразат својата креативност, дарба за цртање, да се дружат и да се стекнат со нови искуства во цртањето.






Државен натпевар по математика


На државниот натпревар по математика кој се одржа на 5.5.2018 година во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, ученикот Бојан Димовски од IX-б одделение освои прва награда.       
Честитки за Бојан и му посакуваме успех на следниот предизвик - Јуниорска македонска математичка олимпијада!
На истиот натпревар ученикот Матеј Стојанов од VI-б одделение освои пофалница.
Честитки за учениците и нивните ментори!



МИО активности


Во рамките на проектот за мултиетничка интеграција во образованието, а по повод празникот Ѓурѓовден, на 4.5.2018 година, учениците од петто одделение од ООУ„Св.Кирил и Методији учениците од подрачното училиште во с.Црквино, одиграа фудбалски натпревар на кој се дружеа, забавуваа и научија нешто повеќе за фудбалот. Освен натпреварот, беа посетени и црквата и џамијата кои се наоѓаат во с.Црквино.