Ски школа во Крушево


Нашите ученици од шесто до деветто одделение, во периодот од 15 до 17 февруари 2019 година, имаа можност да посетат Ски школа во Крушево, заедно со одговорните наставници за таа цел. Во пријатна, зимска атмосфера, тие со инструкторите, наставниците по Физичко образование, Љубиша Стојков и Снежана Каракачанова, ги учеа техниките на скијањето, а дел од нив уживаа на снегот со своите санки. Учениците, покрај скијањето имаа можност да се запознаат со убавините кои ги нуди градот Крушево, со многу споменици од нашето минато, да ја видат Спомен куќата која е изградена во чест на Тоше Проески, да дишат чист, планински воздух и да се вратат со убави спомени и побогато скијачко искуство. 





Љубовна чајанка


Традиционално, во месецот на љубовта, февруари, во ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес се одржува Љубовна чајанка. Оваа година, група ученици од деветто одделение од нашето училиште, на ден 11. 2. 2019 година, имаа можност да учествуваат во креирањето и изработката на реквизитите кои се подаруваа на Љубовната чајанка, на 14. 2. 2019 година.





Училишен натпревар по математика


На ден 8. 2. 2019 година, во просториите на нашето училиште се одржа училишен натпревар по математика за учениците од шесто одделение, под менторство на наставничката по математика, Мелита Неделчева. На овој натпревар, првото место го освои ученикот Христијан Арсов, второто со ист број на поени, учениците Елена Атанасова, Константин Коцев и Елена Коцева и третото место го делат учениците Јосиф Бочваров и Сара Ѓорѓиева. Честитки за постигнатите резултати!

Зимски фудбалски уживања


Соработката на нашето училиште, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес со Фудбалската федерација на Македонија, успешно продолжува и понатаму. Овој пат, нашите ученици од четврто и петто одделение, на 6 и 7 февруари 2019 година, во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“ Велес, учествуваа во проектот „Зимски фудбалски доживувања“ организиран од Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Федерација на училишен спорт на Македонија. На овој настан, учениците имаа можност своите спортски квалитети да ги покажат во играње разни рекреативни игри и во меѓуопштински фудбалски натпревари.