ЕКО активности

Во рамките на ЕКО активностите во нашето училиште, на 28.9.2019 година ученици од нашето училиште ја посетија фабриката за рециклирање на ПЕТ амбалажа Павор ДООЕЛ - Велес.Нашите ученици се запознаа со процесот на рецилирање.






Европска недела на мобилност

Од 17 до 22 септември во град Велес се реализираше проектот „Европска недела на мобилност“ во рамки на чии активности активно учество зема и нашето училиште. Нашите ученици, под раководство на наставничките Снежана Каракачанова и Соња Ристова, успешно се претставија во сите активности: презентација на план за одржлива урбана мобилност, возење велосипеди преку препреки, едукативни игри, вело меморија, како и во ревијалната велосипедска трка која се возеше низ нашиот град.

Општина Велес, како награда за успешната вклученост на нашите ученици во овој убав проект, им додели спортска велосипедска опрема.







Домаќини на претседателот Стево Пендаровски


ООУ „Св.Кирил и Методиј“ - Велес, имаше чест да биде домаќин на претседателот на нашата република Стево Пендаровски, заедно со градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски. Почестени сме што во рамки на преполната агенда претседателот Пендаровски го посети токму нашето училиште, како едно од најстарите, најдобрите и најуспешните училишта во државата.

Со посебен интерес ја проследи алеата на фотографии на истакнати Велешани кои учеле во нашето училиште, ги посети учениците во продолжен престој како и четвртооделенците со кои оствари непосредна комуникација. По средбата со директорот на училиштето Живко Пренџов, високата делегација го напушти училиштето, со надеж за нова, следна средба!