Еко училиште

Проектот ИНТЕГРАЦИЈА НА ЕКОЛОШКАТА ЕДУКАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ или кај учениците познат како ЕКО УЧИЛИШТЕ е проект подржан од Министерството за образование и наука на Р. Македонија и организацијата ОХО активно се спроведува и во ООУ„Св. Кирил и Методиј“ - Велес. Проектот е започнат да се реализира со една и единствена цел - младите генерации да се едуцираат како да ја заштитат животната средина. Уште од стартувањето со реализација на овој проект во нашето училиште беше подржан од сите наставници и ученици и со нестрпливост се чекаше со започнување на активностите од овој проект. Проектот вклучува повеќе еко - стандарди односно области кои треба да се реализираат во текот на учебната година. Еден еко - стандард со неговите активности се реализира по една година со тоа што следната учебна година се продолжува истиот но се започнува и со реализација на друг нов еко стандард. Со успешна реализација на сите еко стандарди училиштето се здобива со статут ЕКО УЧИЛИШТЕ и го добива престижното ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ. За реализација и раководење на активностите од проектот составен е еден тим од наставници, ученици и претставници од разни организации и медиуми кои се грижат за целосната реализација на проектот.
Проектот во нашето училиште се реализира веќе две учебни години и исто така се имаме здобиено со статут ЕКО УЧИЛИШТЕ. Проектот е забавен, интерактивен и вклучува многу активности за заштитата на животната средина.


ЛОГОТО НА ЕКО ПРОЕКТОТ ВО 
ООУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - ВЕЛЕС