Училишна зграда

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ се наоѓа на десната страна од реката Вардар во стариот дел од градот. Училиштето е во непосредна близина на куќата на познатиот македонски поет и револуционер Коста Солев - Рацин. Во овој дел се наоѓаат и познатите места опеани во староградските велешки песни, Мегдан и Којник. Училиштето е едно од најстарите училишта во кое се одвивала настава на македонски јазик и со тоа изгледот на училишната зграда се нема изменето уште од самата изградба. 
Со зголемувањето на бројот на ученици училиштето има доизградено и нов дел со што располага со голем број училници и кабинети специјализирани за одвивање на предметна настава. Училниците и кабинетите се распоредени според возраста на учениците. Од I до V одделение училниците се наоѓаат во новиот дел од училишната зграда, а учениците од предметна настава во стариот дел од училиштето.