За нас


ООУ„Св. Кирил и Методиј“ е училиште во градот Велес лоцирано во стариот дел од градот на десната страна од реката Вардар. Во непосредна близина се наоѓаат познати облежја на градот Велес како што се куќата на познатиот поет Кочо Рацин, преродбеникот Васил Главинов, куќата на Јордан Хаџи Константинов - Џинот и многу други познати обележја на градот. Училиштето постои уште од 1857 година и со тоа се смета за најстаро училиште во кое се одвивала едукација на македонски јазик. Во ООУ„Св. Кирил и Методиј“ своето образование го започнале многу познати личности како што се Кочо Рацин, Петре Прличко, познатиот ракометар Пепи Манасков и многу други значајни личности. Но ООУ„Св. Кирил и Методиј“ не престанува тука. Со добро опремени простории и кабинети за одржување настава и високо стручниот наставен кадар продолжува со едукација на учениците и со тоа да се изградат во големи личности со големи успеси. ООУ„Св. Кирил и Методиј“ ја продолжува мисијата на своите патрони со една цел и визија Се стремиме да ја поттикнеме креативноста и иновативноста преку промовирање на нови пристапи во наставата, без разлика на пол, социјално потекло и етничка припадност“.