Спортска сала

Спортската сала на ООУ„Св. Кирил и Методиј“ е местото кадешто многу ученици ги започнале првите чекори во спортот. Спортската сала е едно од најомилените места на ученицте каде сакаат да го поминат времето на училиште. Во салата можат да се покажат и оние што потешко и оди учењето. Доказ дека учениците сакаат да спортуваат се многуте освоени пехари, медали и други награди на општинско и државно ниво.
Спортската сала на „Св. Кирил и Методиј“ располага со простор за одвивање повеќе видови спортови како што се мал фудбал, ракомет, кошарка како и разна опрема за атлетика и гимнастика. Салата има повеќе соблекувални и трибина за гледање на натпревари.