Парада на мирот - „Стоп за врсничкото насилство“

По повод 21 Септември - Светскиот ден на мирот, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ - Велес, во рамките на проектот „Мировно образование“, во соработка со Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, на 21 септември 2026 година, по тринаесетти пат организираше парада на мирот на која земаа учество и ученици од нашето училиште.

ЗАЕДНО ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО. ЗАЕДНО ЗА МИРОТ!


Уредување на Википедија

Во ООУ„Св.Кирил и Методиј" Велес беше одржана обука за ученици заинтересирани за уредување на Википедија. На обуката учествуваа 13 ученици, кои под менторство на координаторката на Вики клуб Велес, Лили Арсова имаа можност да ги направат своите први чекори во создавањето енциклопедиски содржини. За учениците беше одржана кратка воведна обука, преку која тие се запознаа со начинот на функционирање на Википедија и со основните правила што треба да се почитуваат при создавањето и уредувањето статии.

Посебно внимание беше посветено на практичната работа. Учениците научија како правилно да пристапат кон создавање нова статија, како да ги организираат и обликуваат информациите и како содржината да ја приспособат на енциклопедискиот стил на Википедија. По кратката обука, тие имаа можност стекнатото знаење веднаш да го применат преку самостојна работа и создавање нови содржини.

На активноста присуствуваше и професорот Илко Стојановски од ООУ „Свети Кирил и Методиј“, кој им даде поддршка на учениците во текот на обуката и практичната работа. Соработката со наставниците и училиштата има значајна улога во ваквите активности, бидејќи овозможува учениците да продолжат да ги развиваат стекнатите знаења и да ја препознаат Википедија не само како извор на информации, туку и како простор во кој и самите можат да придонесуваат.

Како резултат на обуката, 13-те ученици создадоа вкупно 15 нови статии на Википедија на македонски јазик. Преку практичната работа тие директно придонесоа кон збогатувањето на слободните содржини достапни на македонски јазик, а воедно стекнаа искуство во пребарување, проверка и претставување информации на јасен и енциклопедиски начин.







Меѓународниот фестивал во Ратково

Кога обичните зборови се претвараат во емоции што го допираат срцето и ја будат имагинацијата користејќи ги ритамот,  метафорите и искреноста, се добива посебна магија,  се добива поезија! Уметност што пренесува длабоки чувства, мисли и слики што го отвара умот и ја покажува моќта на зборот, на убавината, на љубовта, на успехот.  Поезијата и донесе уште еден голем успех на ученичката Ведрана Тодоровска од 7б одд. под менторство на Анита Мирчева наставник по Македонски јазик на Меѓународниот фестивал во Ратково, Р. Србија! 

Честитки и желби за следни големи успеси и достигнувања.







Нижиме успеси!

Поезијата е уметност која излегува од срцето и душата, оти за душа и срце е! Оти со неа се сонува, се љуби, се мечтае, се живее! Ученичката Ведрана Тодоровска од 7б одд. и нејзиниот ментор Анита Мирчева, наставник по Македонски јазик  -  финалисти на престижниот Шантиќев фестивал во Мостар и награда за најописна поетска творба. Поезијата ја умеат само оние со големо срце, силни мечти, чисти мисли и искрена љубов! Честитки за Ведрана и натавничката Анита.







Државни прваци!

На Рецитаторскиот натпревар организиран од СДМЈ во склоп на Државниот натпревар по Македонски јазик, ученичката Ведрана Тодоровска од 7 одд. под менторство на наставничката по Македонски јазик, Анита Мирчева го освоија првото место и се здобија со епитетот државни прваци! Честитки за заедничкиот пласман, труд и неуморност, покажани преку посветеност, речитост, енергичност и израз кој плени. Ведрана и нејзиниот ментор Анита, за највисокиот пласман добија и парична награда од СДМЈ.

Среќно во понатамошни успеси!