Упис на ученици


Почитувани родители!

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес, според Законот за основно образование (Сл.весник на РСМ, бр. 161/19, 229/20, 3/25 и 74/25, член 60) ќе врши прием на првачиња за учебната 2025/26 год.
Уписот на првачиња ќе се врши од 2 до 30 мај 2025 година, секој работен ден од 7:30  до 15:30 часот.
Право на упис имаат децата родени во текот на 2019 год. кои до крајот на календарската година (31 декември 2025 год.) полнат 6 години. Според Законот за основно образование во I (прво) одделение можат да се запишат и децата родени во јануари 2020 год.
При запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави:

·  копија од извод на родените на детето;
·  лична карта на еден од родителите/старателите;
·  потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издаденa од надлежна здравствена установа;
·  потврда од офталмолошки преглед, издаденa од надлежна здравствена установа;
·  потврда од стоматолошки преглед, издаденa од надлежна здравствена установа. 

Доколку во текот на месец мај не се достават потврдите од надлежните здравствени институции заради закажан подоцнежен термин за преглед, може да го запишете детето со копија од извод од матична книга на родените и лична карта. Потврдите задолжително ќе треба да бидат доставени до крајот на месец август.
При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и проценка за попреченост од системот за проценка на лица со попреченост, за дополнителна образовна поддршка.
Запишувањето на детето, на барање на родителот, односно старателот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.

За подетални информации можете да се обратите кај педагошко-психолошката служба на училиштето.
                                                                                                

                                                                                                     Директор:
                                                                                                       Маја Јовановска


                                           
                     ВРЕМЕ Е ЗА ВИСТИНСКИ ИЗБОР