Учениците изработија еко кодекс во форма на еко песна и еко пораки, го истакнаа на видно место во ходникот каде секојдневно ќе го читаат и по кој ќе се раководат и однесуваат во училиштето и надвор од него.
При крајот на ноември координаторот на проектот заедно со стручно лице за рециклирање (наставник од друго училиште) одржаа работилници со наставниците на ниво на стручни активи, за начинот и постапките на рециклирање на старата хартија.
По спроведената обука секој наставник на ниво на секција организираше работилница со учениците каде ја рециклираа хартијата и изработуваа најразлични креации по повод Новогодишните празници. На 28 декември беше организирана продажна Новогодишна изложба каде меѓу другите производи беа изложени и креации(дедомразовци, елки, вазни) од рециклирана хартија.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.