На почетокот Директорката Стефанка Ценева ги поздрави присутните и им соопшти дека оваа престава е во склоп на активностите на еко проектот –,,Како да се стане еко училиште,, и дека за прв пат хорот промотивно ќе ја испее еко химната на училиштето.
Текстот на еко химната со наслов,,Екотема,,го напиша ученичката од VII б одд Андреа Арсова а музиката е на Анѓа Брашнарска- наставник по музичко образование. Химната ја испеа хорот на училиштето во придружба на клавир.
Потоа учениците од драмската секција ја искажаа својата креативност.Старата хартија, пластиката и корпата прозбореа и ги искажаа своите маки за кои веруваме дека слушнаа посетителите и во нив се побуди размислување за опасноста од загадувањето и грижата за состојбата со отпадот во околината.
Учениците претворени во пеперутки, штурче, пчели и друго испратија пораки за здрава и чиста средина во која сакаат да живеат.
Преставата беше придружена со песни и игри од најмалите ученици кои облечени во цветови и буба мари со своите ритмички игри ја направија атмосферата навистина да биде прекрасна.
Преставата имаше јасна цел, од учениците научивме многу за екологијата, за отпадот, селектирањето и рециклирањето на хартијата,тие со своите изработки ни укажаа дека старата хартија можеме да ја селектираме и повторно да ја употребиме за најразлични продукти како што се овие и истите можеме да ги подариме .
Театарската престава беше прикажана посебно за учениците од двете смени и другите училишта како и за пошироката јавност.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.