Училиштето
„Св.Кирил и Методиј“ како и секоја година така и оваа, гордо свечено и
достоинствено го прослави својот Патронен празник.
Активностите
за прослава на 157 години од постоењето на училиштето се одвиваа во текот на
целиот месец Мај.Тие започнаа со посетата на с.Црквино, тамошното подрачно
училиште, селската црква и џамија .
Потоа
во рамките на отворениот ден, училиштето ги отвори своите врати за сите
заинтересирани посетители и организираше „Игри без граници“ за дечињата од
ОЈДГУ „Димче Мирчев“.
По
повод Патрониот празник, денот на Словенските просветители, Светите браќа Кирил
и Методиј, нашето училиште распиша литературен конкурс за основните училишта во
Р.Македонија на тема: „Македонските народни приказни-аманет и богатство“ и
ликовен конкурс за изработка на стрип на тема: „Итроштините на Итар Пејо“. Диплпомите
на наградените ученици и нивните ментори им беа доделени на свечената приредба
која ја подготвија учениците од нашето училиште.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.