Во рамките на проектот од областа на природните науки „Животниот
циклус и условите за живот на пастрмката“ се реализираше истражување во
рибникот Нежилово. Учениците имаа можност да се запознаат со градбата на
пастрмката, начинот на размножување (набљудуваа вештачки мрест и инкубација) и
се соочија дирекно со природата и ги истражуваа условите за живот во неа.
Учениците
земаа примероци од водата и следниот ден ги испитаа во хемиско-микробиолошката
лабораторија во хидросистемот Лисиче. Таму видоа како се прават подлоги за
микробиолошко засејување на бактерии, а во микробиолошката лабораторија имаа
можност да ги видат сите апарати кои се потребни за сите испитувања. Во
хемискатата лабораторија испитаа pH и провидност на водата, присуство на
нитрати, нитрити, кислород и железо во водата.
Голема
благодарност до сите вработени во рибникот
Нежилово и хидросистемот Лисиче за прекрасната соработка и
гостопримливост од нивна страна.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.