Од 18 до 22 октомври 2016г. нашето училиште имаше свои преставници на изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки, младинско истражувачко креативно творештво - МАКИНОВА 2016. Нашите преставници ученикот Иво Мирчев и наставничката Родне Петрушева се преставија со идеја за мобилна апликација „Здрав начин на живеење“ за која изработија алгоритам кој успешно беше презентиран пред комисијата и останатите присутни, а потоа се вршеше демонстрација на апликацијата.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.