Учениците од „Св. Кирил и Методиј“ беа наградени на неколку литературни конкурси во периодот септември - октомври. На наградените ученици им посакуваме така да продолжат и во иднина.
На конкурсот организиран од Првата детска амбасада-Меѓаши и СОУ„ Гимназија Кочо Рацин“ на тема: „Мирот е се`што ни треба“ ученичката Ивана Мирчевска од VIIIб ја освои третата награда под менторство на наставничката Даниела Митровска.
По повод 11 Октомври - Денот на народното востание на македонскиот народ, Општинската организација на Сојузот на борците - Велес распиша литературен конкурс на тема „Татковино во срце те носам”. На овој конкурс под менторство на наставничката Маја Јовановска наградени беа ученикот Иво Мирчев од IXв - трета награда за поетска творба и ученикот Михаил Павлов IXв - трета награда за прозна творба.
На Меѓународниот литературен конкурс во Битола на тема: „Да го обоиме светот во боите на љубовта“ награден со трета награда беше ученикот Ѓорѓи Бошевски од VIIIа под менторство на наставничката Маја Јовановска.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.