Во просториите на Филозофскиот факултет - Скопје, на 29 и
30 јануари 2018 год. беше одржана обука од страна на Издавачката куќа „Просветно
дело”
и Филозофскиот факултет - Скопје, за примена на детските
списанија „Росица”, „Развигор”, „Другарче” и „Наш свет” во воспитно-образовниот процес.
На оваа обука, присуствуваа стручната служба, одделенските
наставници и наставниците по македонски јазик и англиски јазик од нашето
училиште и истите се стекнаа со знаења како полесно и како на поинтересен начин
да ги употребуваат детските списанија во наставата.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.