Од 17 до 22 септември во град Велес се
реализираше проектот „Европска недела на мобилност“ во рамки на чии активности
активно учество зема и нашето училиште. Нашите ученици, под раководство на
наставничките Снежана Каракачанова и Соња Ристова, успешно се претставија во
сите активности: презентација на план за одржлива урбана мобилност, возење
велосипеди преку препреки, едукативни игри, вело меморија, како и во
ревијалната велосипедска трка која се возеше низ нашиот град.
Општина Велес, како награда за успешната вклученост на нашите
ученици во овој убав проект, им додели спортска велосипедска опрема.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.