На 1.9.2022 година, за првачињата во нашето училиште беше органзиран свечен прием, на кој присуствуваше Градоначалникот на Општина Велес, гости од општината, многу-бројни родители, баби, дедовци...
Топло
добредојде на новите ученици им посака директорката Маја Јовановска со желба за добро здравје и лесно усвојување
на трајни и применливи знаења. Во својот говор, директорката истакна дека
образованието е возбудлива авантура, а на крајот на авантурата учениците ги
чекаат два скапоцени подароци: знаење и многубројни пријателства. Постарите
другарчиња од петто одделение пред новите ученици одржаа приредба на која преку песни, ритмички игри и шеговити
драматизации успеаја да ги расположат и насмеат учениците и да им посакаат
срдечно добредојде. По прозивката од одделенските раководители, првачињата
заминаа во своите училници.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.