На 22.12.2022 год. во просториите на нашето училиште беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ООУ „Св. Кирил и Методиј“ - Велес и Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености.
Во весела атмосфера, нашите ученици волонтери и членовите на здружението твореа и создадоа прекрасни графики со различни мотиви и новогодишни украси. Соработката ќе продолжи и во иднина преку заеднички настани: ќе играме бочија, ќе се дружиме во природа, ќе ги рониме цветовите на медитеранската кралица лаванда, ќе спортуваме, со цел да ги облагородиме и разубавиме нашите животи.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.