„Болката и љубовта во поетското творештво на безвремениот Рацин"

По повод патрониот празник и одбележување на 165 години гимназиско образование во нашиот град, гимназијата "Кочо Рацин" распиша литературен конкурс на тема „Болката и љубовта во поетското творештво на безвремениот Рацин" за учениците од деветто одделение кои изучуваат англиски јазик. Нашата ученичка Кристина Шопова од IX-в одд. освои трета награда под менторство на наставничката Ирена Андреева.

Наградите беа доделени во медиотеката на градската библиотека проследени со рецетирање на стихови на македонски, англиски, германски, француски и албански јазик од страна на ученици од гимназијата „Кочо Рацин".

 


No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.