Инспектори од Одделението за превенција одржаа работилница со учениците од VI до IX одделение. Работилницата на тема „Против насилството во училиштата“ ја реализираа началникот на Одделение за превенција Ристе Самарџиев и инспектор Билјана Ѓаковска. Тие пред учениците зборуваа за тоа што е насилство, видови насилство, вандализам, малтретирање, кој може да биде жртва на насилство, справување со насилство, и како да зборуваме за насилството, механизми и регулатива. Инспекторката Билјана Ѓаковска посебно се осврна на Законот за малолетници и најчестите прекршоци кои ги прават малолетниците (задржување до доцна во ноќта надвор од домот, возење моторцикл и автомобил без дозвола и сл.) и постапно им објасни која е постапката доколку малолетник направи прекршок или кривично дело. Учениците беа љубопитни и поставуваа прашања кои беа одговарани од страна на инспекторите.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.