Недела на информатиката 2023

     Во периодот од 6 до 10 февруари 2023 година во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ - Велес беше одбележана Неделата на информатиката прику реализација на неколку активности. Во нив учествуваа ученици од IV до IX одделение, а истите се реализираа под менторство на наставникот по информатика Родне Петрушева.

     Ученици од VII одделение ја реализираа работилницата „Кодирај го своето име“ со учениците од IV одделение кои ги искодираа своите имиња во бинарен систем, а истовремено и научија дека компјутерите ги претставуваат податоците со низи од 0 и 1.

     Учениците од  V одделение учествуваа во работилницата „Кодирање преку игра“ низ која ги водеа ученици од VIII одделение. Тие им покажаа на своите помали другарчиња како може игрите да се користат за учење на алгоритми. Научија како да креираат алгоритам за движење кој ќе ги доведе до целта, применувајќи ги основните концепти на редоследност, циклуси и избор од две можности.

     Меѓународниот Ден на побезбеден интернет го одбележавме преку работилници со учениците од VI и VII одделение, а кои ги реализираа ученици од IX одделение. Преку презентацијата на тема „Безбедно на интернет“ научија како треба да се однесуваат на интернет и како безбедно да ги користистат социјалните мрежи. На крајот своите знаења ги проверија, но и се натпреваруваа во Kahoot квиз.

     Тимови од ученици од VII до IX одд. се натпреваруваа во активноста „Потрага по богатството“ преку решавање на загатки кои се криеја зад QR кодовите кои беа поставени низ училиштето.

      Сите активности беа реализирани со големо задоволство од страна на учениците.













No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.