На првиот маратонски шаховски турнир кој се одржа на 03.03.2023 во Велес во организација на Сојуз на училиштен спорт и шаховската организација на град Велес нашето училиште ООУ „Св Кирил и Методиј" учествуваше со 6 ученика во две категории одделенска и предметна настава и ги освои следните места:
Во конкуренција од 1 - 5 одделение Јована Арсовска која играше во финалните натпревари и беше најдобра од женска конкуренција под менторство на наставникот Јован Јовановски.
Во конкуренција од 6 - 9 одд учествуваа 5 ученици под менторство на наставничката Снежана Каракачанова. Четворица ученици Иван Јорданов, Кристијан Смилев, Ангел Илиев и Стефан Ракиџиев ги поминаа квалификациите и учествуваа во финалните натпревари. Учениците Иван Јорданов и Кристијан Смилев се во првите 10 најдобри шахисти. Сите ученици добија благодарници.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.