Франкофонска претстава во нашето училиште!

По повод одбележувањето на месецот на франкофонијата, учениците, членови на француската секција, под менторство на наставничката по француски јазик Мимоза Тодоровска, ја одиграа претставата "Љубам, значи постојам" т.е. "J'aime, donc je suis". Младите актери, во три сцени, ни покажаа дека љубовта е иста, и на 7 и 77 години, само ако се негува! Но најважно од сè, уште еднаш потврдивме дека сме вистинско, франкофонско училиште.






No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.