Денес во нашето училиште се одржа работилница по математика по повод Денот на училиштето. Со нашите гости, ученици од општинските училишта, поминавме интересни моменти и време исполнето со дружење. Користејќи ги 2Д и 3Д формите, учениците изработија кутии за училиштен прибор. На работилницата се доделија и дипломите и пофалниците од распишаниот конкурс по математика „Изработка на калеидоскоп“. Им благодариме на колегите што ја прифатија нашата покана.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.