Традицијата приказни ми плете, низ калдрмите на мојот град!

За нашето училиште, за нашиот град, за песните и сокаците, раскажавме прекрасни приказни од минато. Нашите ученици блеснаа на сцената во улогите на Миле Поп Јорданов, сербез Донка, Петре Витанчето, Димче од Бузаана... со брилијатна, детска, актерска игра, и ги стоплија срцата на публиката во преполната сала.
Браво деца, честитки за веселиот хор и беспрекорните актери.
Нека ни е вечен градот, нека ни е честит Денот на училиштето, успеси и радости да нижеме сите заедно!
Благодариме на наставниците: Мимоза Тодоровска (сценарио и режија), Далибор Ацевски (хор), Илчо Стојановски (сценографија).








No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.