Едукативно-креативна работилница во Спомен-куќата на Васил Главинов - Велес

Со цел запознавање на најмладите со културното и историското наследство на Велес,  се реализираше едукативно-креативна работилница, исполнета со учење, креативност и забава.

Во рамки на работилницата учениците изработуваа предмети од глинамол, инспирирани од археолошките наоди, цртаа/сликаа, а преку креативна „реставрација“ составуваа керамички садови и се запознаваа со основите на процесот на реставрација.

Преку ваквите активности, културното наследство станува поблиско и поинтересно за најмладите, поттикнувајќи ја нивната љубопитност, креативност и чувство за негово зачувување.

На оваа работилница земаа учество нашите ученички од 8а одд. Анабела Есмерова, Ева Трајкова  и Јана Стефанова под менторство на наставникот по ликовно образование Илчо Стојановски.








No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.